Трет попис во еМакедонија [Министерство за Информирање]

Day 1,636, 12:51 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Поздрав еМакедонијо,

Денеска,тимот на Министерството за Информирање заедно со Владата на еМакедонија одлучија да се направи попис на населението во еМакедонија.Ова ќе биде трет попис на населението во историјата на нашата држава.



На ваков потег се одлучивме бидејќи ни треба точна бројка на активното население,затоа што во периодот што предходеше,многу играчи беа банирани,некои ја напуштија играта,а некои отидоа во дво-клик.



Но,исто така на нашата заедница се приклучија и многу нови играчи (бебиња),кои допрва треба да учат за играва и ние треба да сме тука да им помогнеме.



Документот со пописот е составен од повеќе прашања,што веднаш се решаваат и ќе ви одземат само 2-3 минути од вашето време. Ве замолуваме да одвоите малку време и да пополните бидејќи тоа ќе ни биде од голена корист за нас како Држава. Исто така сакаме да напоменеме дека само еднаш можете да го пополните пописот и со тоа вашите податоци ќе бидат земени во конечните резултати од пописот.

ЛИНК ОД ПОПИСОТ: http://tinyurl.com/popis-maj2012

Пописот ќе трае 1 недела почнувајќи од 13.05.2012 завршувајќи на 20.05.2012.

Резултатите на пописот ќе ви бидат презентирани на 21.05.2012.



Бидете и Вие дел од пописот и помогнете ни заедно да ја креираме Државата во посила и појака.

Биди дел од попиост. Попиши се и ти.

Поздрав од тимот и следете ги нашите статии

Официјален канал на Министерството за Информирање #emkd-info на кој сите сте добредојдени.



Со почит:

Влада на еМакедонија



Министерство за Информирање:

Министер за Информирање: Златко Каскаревски

Заменици Министри: Girl from MACEDONIA, svetecot, Starfool и kiko105

Надворешен соработник: deda_mraz82