Да играме попаметно!

Day 1,632, 16:58 Published in North Macedonia North Macedonia by Zoradim

Здраво Македонци,

Немам пишувано до сега, ама размислував деновиве нешто, па решив да споделам со остатокот од државава.

Идејата ми е, зошто наместо постојано да губиме и време и ресурси на грците, можеме да се концентрираме на окупирање на цела албанија, и само така да си држиме некое време 6/10 ресурси. Од друга страна пак, со сегашните територии, грците ќе останат со 4/10, што за нас е од голема корист.

Освен тоа, можеме и пример да се договориме со бугарите, да ни ја отстапат Софија каде што има метал, со што ќе добиеме 7/10, а за возврат одреден период да се бориме сите за нив во битките (не гледам зошто би имале проблем со ова, кога и онака ќе им остане пловдив со метал, што значи реално нема да изгубат ништо, а ќе имаат наша целосна поддршка во нивните битки).

Тоа е тоа од мене, доколку мислите дека е добра мојава идеја, слободно стиснете суб и воте за што повеќе луѓе да прочитаат. Фала 🙂