Стравот од смртта нè принудува да купуваме

Day 1,630, 05:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Patriotche


Прикажувањето сцени со насилство на телевизија ги поттикнува гледачите од западните култури на поголемо купување, тврди израелскиот истражувач Дар-Нимрод во научното списание „Социјална психологија“.

Дар-Нимрод, според францускиот весник Figaro, тврди дека луѓето од западната цивилизација, во која потрошувачкото општество има земено најголем замав, излезот од стравот од смртта го наоѓаат во купувањето.

За теоријата за управување преку стравот од смртта (TMT) се пишуваше уште во истражувањето од 2007 г. кое се спроведе во Франција врз основа на податоците по терористичкиот напад на САД во 2001 г. Имено, во периодот од октомври до декември 2001 г. продажбата на мобилни телефони и коли во САД се зголемила за рекордно ниво, т.е. 6%.

Во тоа истражување се заклучува оти Американците, чија култура во голема мера се потпира на материјализмот, стравот од смртта се обидуваат да го засенат преку купување, бидејќи тоа за нив е потврда на сопственото постоење, односно симбол на бесмртноста.



Поттикнат одова истражување, Дар-Нимрод вршел испитување врз канадски ученици на кои во 10-минутно видео првин им се прикажувале инсерти од серии кои не содржат никакви сцени со смрт, проследени со рекламно-пропаганден материјал.

Потоа, во исто траење, на учениците им биле прикажувани инсерти од серии со сцени со умирање кои исто така биле проследени со блок реклами. Истражувањето покажало дека учениците биле многу позаинтересирани за купување производи од рекламите по емитувањето на инсерти од сериите со сцени со смрт одошто по оние без сцени на насилство.

„Трошам, значи постојам“, гласи главната изрека на потрошувачкото општество. „Сцените со смрт кои се прикажуваат во омилените ТВ серии и кои асоцираат на смртта се добра мамка за поттикнување на купувањето“, заклучува Дар-Нимрод во истражувањето.