Прдам, значи постојам

Day 1,625, 14:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Patriotche


Денес е Први мај, Меѓународен празник на трудот. Политичарите од нашиве простори излегуваат од своите раскошни дувла, им делат каранфили на сиромавите, се клештат во камерите и сите заедно со робовите од огромното тенџере ја црпат својата порција грав.

Само што ја прочитав денешната ударна вест: „Во Загреб ќе се поделат дури 40.000 порции грав“. Постои и „научно објаснување“, објави ХТВ: на 1-ви мај на сиромавите им се дели грав бидејќи тоа е калорична храна која на работниците им дава сила, па потоа тие посилно можат да навалат на работење.

Работа? Па, кој работи денес во Хрватска? Да се јаде грав и да се собира сила би имало смисла само кога истата би се трошела на сметнување на гадовите кои делат грав. Држи ли вода оваа теза?

Да ги уништиме оние кои делат грав, за да останеме без грав, па потоа би дошле други кои би тргнале да делат грав... Затоа мирно џвакаме, подригнуваме, уживаме во сончевиот ден, среќни што ни е полн стомакот.

Зошто денес никому и никаде не му текнува да организира демонстрации на Први мај? Не демонстрации како оние денешните во Загреб. Некои кутри луѓе на владата ѝ доделија жолт картон, па ако владата не се исплаши, ќе ѝ доделат и црвен, па ако владата не се исплаши ќе ѝ дадат син, па ако... Има толку бои...

Чуму сите тие глупости со труби, картони, свирчиња, транспаренти, штрајкови со гладување, оковување во синџири, солзи пред камерите... Кого заболе курот за тоа?

Немаш работа, никогаш и нема да најдеш, министерот „лопов“ и друмски разбојник ти се подбива на англиски и споменува дека во неговата влада „се случуваат срања“, новинарите воодушевено се смејат небаре тој не е едно од поголемите срања кои му се случиле на народот.

Први мај е, луѓе. Некои мавтаат со црвен каранфил, други делат картони, трети гнетат грав... Нигде крик, бес, оние коктели кои би можеле да ни го исполнат срцето и да внесат светлина во нашите градови.

Паѓаме на евтини финти. Зарем не е подобро гроб отколку роб? Ова е живот? Од една порција грав до друга? Трубиме еднаш годишно, а ни кркорат стомаците сите останати денови.

Нашите робовладетели нè познаваат подобро одошто ние се знаеме самите себеси. Што сме ние? Кој сме ние? Газови, ете тоа сме. Сите оние милиони кои ги дадоа животите за ова, денес сигурно се превртуваат во гробовите.

Гниеја во затвори, со крвави нокти гребеа по ѕидовите на самиците, беа одведувани во концентрациони логори, беа претепувани, давени, бесени, силувани, колени, потопувани, каменувани... За ние денес да можеме во некоја шумичка...

Да, се превртуваат в гроб тие будали кои гинеа за идеали. Затоа ние сме попаметни. Не сакаме во затвори, не сакаме во логори, не сакаме да бидеме ни спалувани, ни силувани, ни заклани, ни каменувани.

Ние сме луѓе на модерните времиња, луѓе кои ги спознаа границите на својата слобода. И уживаме во таа слобода од длабочината на нашите газови. Еднаш годишно прдиме на сиот глас во слава на нашите господари.

Ведрана Рудан