Конгресменски избори

Day 1,619, 18:32 Published in North Macedonia North Macedonia by Nick Slaughter MK

Демократија повторно изостана, купувањето гласови стана најнормална работа кога имаме конгресменски избори, новите(стари) конгресмени повторно ќе ја водат е-државава, а потенцијалните нови конгресмени можат само да сонуваат конгресменско место. И после претходните конгресменски избори напишав статија во врска со изборите во која јавно се заложив за тоа се повеќе наши играчи со доволно искуство (мислам на профили стари над 1год) да „седнат“ на конгресменско столче, ама нашите редовни конгресмени се себични и не ги даваат функциите така лесно. На следниов линк имате аматерски графички приказ на нашиот конгрес каде се гледа по кој пат се конгресмени новоизбраните.
http://oi45.tinypic.com/2rp2m35.jpg

Нормално дека доминираат оние кои се за првпат конгресмени, но тоа е така затоа што имаме неколку грчки територии. Само 13 од 36 когресмени, или 36% се конгресмени за првпат. Имаме дури 3 екс-претседатели во конгресот.

На претходните конгресменски избори имавме дури 21 од 43 нови конгресмени. Тоа беше убав сигнал дека тој тренд ќе продолжи, ама не било така. Себичноста преовлада, едни та исти ќе ни се пак конгресмени и тоа многу ме нервира. Наместо да преовлада заедништвото, колегијалноста и слогата меѓу нас Македонците, преовладува себичноста, слично како и во РЖ.

Кој што сака нека ја прочита статијава и нека коментира, нека се лути ако се чувствува навреден, но јас предлагам да се поделиме - во оригиналните територии нека се кандидираат само искусни конгресмени, а во грчките, албанските и другите територии кои би ги имале, да се кандидираат само играчи кои не биле конгресмени. Така би имало баланс во когресот во кој повеќе играчи би имале прилика да видат како е да си е-конгресмен и да го добијат медалот, нормално доколку имаме доволно освоени територии за време на изборите каков што е случајот сега.