Грците ги предадоа Македонците

Day 1,619, 13:49 Published in North Macedonia North Macedonia by dandi206

-Oткако грчките власти дознале дека во Македонија се подготвува востание, тие ги накодошиле Македонците кај султанот.

Грците ги предадоа Македонцитее е насловот на текстот кој пред повеќе од сто години го објави весникот "Њујорк тајмс". Според новинарскиот извештај објавен во времето на Илинденското востание од 1901 до 1903 година, Македонците биле накодошени од страна на Грција пред турските власти. Според информациите на весникот откако грчките власти дознале дека во Македонија се подготвува востание, тие ги накодошиле Македонците кај султанот, иако самиот грчки народ цели осумдесет години се борел против Османлинската Империја. И покрај тоа ништо не ја спречило Грција да и наштети на Македонија и да ја спречи да се избори за својата слобода, се со цел во иднина да го шири своето влијание во Македонија и по можност да ја освои.
- Угледниот весник во насловот зборува за Македонци уште пред повеќе од 100 години и за тоа како Грците ги накодошиле кај турските власти една година пред Илинденското востание. Иако станува збор за сериозен весник, Њујорк тајмс" не се воздржува да нагласи некои работи.
Како што стои во текстот на Њујорк тајмс", револуционерната организација се споредува со ирските националисти, а се верува дека таа се уште работи под водства на Сарафов", наведувајќи дека состојбата во Македонија нема да се подобри оти се потребни реформи, но тие нема да се случат поради разединетоста на европските сили".
-Како за потсетување, откако Грција стави вето за покана за Македонија во НАТО само затоа што не и се допаѓа името на земјава, Њујорк тајмс" тоа го осуди со уводник под наслов Срамота за Грција, се задева со Македонија".