Босна – втора најстрашна земја на светот

Day 1,616, 13:57 Published in North Macedonia North Macedonia by Patriotche


Онлајн изданието на американското списание „AskMen“ објави листа на најстрашните земји на светот кои треба да се посетат, а на таа листа, второто место го зазема Босна и Херцеговина.

„Доколку ги прашате луѓето да ја опишат Босна, големи се шансите описот да биде направен врз основа на снимките од телевизијата ББС од почетокот на деведесеттите кои прикажуваат темни пејзажи и бабички замотани во марами кои бегаат од бомби“.

И денес, репутацијата на Босна на меѓународно ниво губи поради тие слики стари дваесеттина години, што е лошо за нејзините жители, но е и вистинско богатство за добро информираните патници.

Таа сега потсетува на Европа пред 20-30 години, пред интензивниот туризам да ги загади парковите низ целиот континент.

Во преубавите, но слабо посетени босански национални паркови, можете да пешачите, да возите велосипед и да скијате (имајте во предвид дека Сараево беше домаќин на Зимската Олимпијада во 1984 година), а во поголемиот дел од нив може да ловите и риболовите.

Да не настанат нејаснотии, Босна е обликувана од војната.
Во таа земја почна Првата светска војна, а лузните сè уште се видливи на поголемиот дел од зградите во Сараево.

„Како резултат на тие војни, ова место е исполнето со живописна историја. Но, веројатно напријатното изненадување ве чека во нивната кујна – Босна важи за една од највкусните европски кујни источно од Италија“ – стои во описот.

Инаку, на истата листа се наоѓаат и Бурма, Ерменија, Уганда, Колумбија, Индонезија, Иран, Пакистан, Куба и Етиопија.

Дали би се сложиле со таквата оценка?