Двојна Македонија,Тетовски и останати аршини

Day 1,616, 11:32 Published in North Macedonia North Macedonia by GhossT RideR

Синоќа пријателчиња мои им се ругав на бугарите, и им распукав со малку сеир за нивните отворени центри за мастурбирање. Им се изнаругав и им се изнатепав од смеење. Но веќе денес, гледајќи ја нашата македонска реалност ми доаѓа да плачам. Добредојде во Македонија мајсторе, се прекорив себе си, и потврдно константирав дека срањата кои се дешаваат во мојата мила Македонија се неспоредливи со настаните од било кое друго место на земјинава топка.
Синоќа некои батки ги осквернавија православните гробишта во Лабуништа. Терор и изживување над душите на мртвите, кукавичлук на киселава багра која на секои 5-10 дена не подсеќа каде тоа ние живееме.Се случи тоа што се случи. Реакција од надлежните, од јавноста, од невладиниве, од пацифистите изостана. Никој и збор да не зуцна за овој грозен настан.
Да беше недај боже исшкртана некоја џамија, или ракоспан некој муслимански гроб, Македонија ќе беше на раб на граѓанска војна. Хипиците и останата фела на стручњаци ќе одржеа дебати на тркалезни маси, многу фаци пред широкиот аудиториум ќе беа загрижени, а сторителите ќе добиеа клетва и анатема фрлена до деветто колено.Во меѓувреме анархистите и сличните а-национални групи ќе парадираа по Скопје и со двојазични маици ќе повикаа на соживот.
Но дали знаете зошто никој не го осуди настанот во Лабуништа а редовно летаат копја и отровни стрели кога македонците ќе излезат надвор од нормала па макар и скршиле едно стакло со камен? Тоа е така драги затоа што стана веќе нормално теророт да се врши над македонците. Тоа веќе не е сензационално, не е интересно за јавноста. Тоа е нешто што се случува и нема потреба да се коментира. Наша работа е да ја држиме главата во песок, да се правиме дека ова не се случува и ако е можно да не ги нервираме овие кои на 5-10 дена ни праат зулум за тоа да не почнат да го праат секој ден.
Што сорта ли ќе бевме и од каде е овој самоуништувачки синдром кај нас не можам да сватам. За копачиве од Лабуништа нема осуда, а децава кои протестираа за 5 кратното убиство ги нарекоа хулигани и платеници. И тоа од македонци, не од никој друг. Пак ми се враќа онаа слика кога гореше црквата во Лабуништа. И тогаш немаше осуда за тој терористички акти. Имаше осуда за маскенбалот во Вевчани. Затоа ни ја запалиле црквата драги мои. Толку за овој наш синдром.
Вчера во Тетово се одигра фудбалскиот натпревар помеѓу Искра(Шкендија) и Работнички. Таканаречените ,,Балисти”кои за себе сакаат да се наречат дека се умерени, извадија националистички пораки со кои Косово, Чемерија, Илирида и Црна Гора ги вметнаа во нивната таканеречена ,,Етничка Албанија”.Исто како и примерот од предходниот пасус, и овде надлежните ништо не видеа. Законот за спречување на насилство во спортот крахираше пред дечките од Тетово. Оние кои решија пак да го мерат својот алат со алатот на државата и на фудбалските органи. Шо да праиме. И овој пат останавме надјасани.
Според законот за спречување насилство на спортските терени, секој поединец што ќе истакне парола со политичка содржина треба да плати минимум 500 евра. Според правилникот на ФФМ, пак, секоја екипа чии навивачи „истакнуваат пароли што носат дискриминаторски слогани или се виновни за кој било друг вид дискриминаторство, однесување со презир во текот на натпреварот“ треба да платат казна од 30.000 швајцарски франци, а клубот својот следен официјален натпревар ќе го игра без гледачи.
Но овој закон важи кога домаќини се Вардар, Мзт, Работнички, Куманово. На овие спортски борилишта темелно се анализира навивањето, делагатите ги повлекуваат судиите, ако навивачиве се непримерни, се изрекуваат глоби за начинот на кој се навива, се празнат салите и стадионите.
Во Тетово кога игра Шкендија, или во Сарај кога игра Лирија, никој ништо не видел, никој ништо не слушнал. Сите су били на подрум. Тоа што се теслачат каурските сестри, што Тоше е педер, а македонските девојки најголеми курви, за надлежните органи не е причина да се реагира и сето тоа да се санкционира. Во Тетово и Сарај, овие закони за спорт не важат. Нека дополнат така со подточка, како адакта. Во меѓувреме тие ќе го шират орото на национализам а надлежните ќе спроведуваат на некое друго место. Како и по обичај.

Текстов е превземен од тука http://komitamkd.wordpress.com