97 години од смртта на Јане Сандански и мал час по историја.

Day 1,615, 08:45 Published in North Macedonia North Macedonia by Filip Jordanov



ЗДРАВО МАКЕДОНИЈА КАДЕ И ДА СИ!


Пред 97 години е убиен Јане Сандански. Заседата во која е убиен на Пирин планина беше организирана од врховистите и од бугарскиот двор.
Јане Сандански, познат како Сандан паша или Пиринскиот цар , (18 мај 1872 - 10 април 1915) бил истакнат револуционер, војвода и раководител на Македонската револуционерна организација. Роден е на 18 мај 1872 год. во с. Влахи, Мелничко (Сандански, Пиринска Македонија), Бугарија. Потекнува од семејство на земјоделци.
Татко му, Иван Сандански, е знаменосец на Кресненското востание, по кое семејството емигрирало во Кнежеството Бугариjа, во градот Дупница, каде завршува основно образование и втори клас гимназија.
Две години потоа како чирак го изучува чевларскиот занает; две години работел како молбописец, помошник адвокат во адвокатската канцеларија на својот вујко, а потоа самостојно.. Како младинец бил активен меѓу македонската емиграција во Дупница. Во 1895 и 1897 год. бил учесник во Мелничкото востание организирано од Македонскиот комитет.
Во 1899 год. се запознал со Гоце Делчев и со Ѓорче Петров и преминал во ТМОРО. Во 1901 год. од Делчев бил испратен за војвода во пограничните региони на Серскиот округ за заштита на организационата територија од навлегување на врховистите.
Бил главен организатор на пленувањето на мис Елен Стон. Се противел на решенијата на Солунскиот конгрес (1903) за востание. По започнувањето на востанието дејствувал во IV востанички округ - Пирин. Учествувал на Рилскиот конгрес (1905) и на окружните конгреси во Серскиот округ. По негово застапување била донесена осуда и извршена ликвидацијата над Иван Гарванов и на Борис Сарафов во 1907 година.
Соработувал со младотурците (190😎 и учествувал во Младотурскиот поход на Цариград при детронирањето на султанот Абдул Хамид во 1909 година. Бил истакнат претставник на Народната федеративна партија, со чие раководство подоцна дошол во судир.
Учествувал во Првата балканска војна, го ослободил Мелник и како претходница на Бугарската армија дејствувал при заземањето на Рупелската Теснина. Со својата придружба влегол во Солун (1912), каде што дошол во судир со бугарските офицери поради своите ставови за автономна и независна Македонија.
Бил убиен од заседа од своите идејни противници (Тодор Александров и неговите приврзаници) на Пирин. Бил голем противник на врховизмот и на бугарската завојувачка политика кон Македонија. Неговото дело го продолжиле неговите следбеници - санданистите.


Вечна ти слава Јане. Македонија не те заборава.


И уште нешто во врска со историјата чепкајќи по интернет видов едно многу интересно клипче каде МАКЕДОНСКИ печалбар му држи лекција по историја на бугарски новинар на плоштадот МАКЕДОНИЈА во Скопје.Дедото после 40 години поминати во странство односно во Австралија,реши да се врати во својата мала земја со големо срце МАКЕДОНИЈА.И по некоја случајност бугарски новинар му прави анкета и дедото му кажува како стојат работите и го замолчува новинарот,кој не знаеше каде се наоѓа.
стиснете тука за да го видите клипот



И секако ако ви се допадна статијата претплатете се и гласајте.