ЗДРАВО еМАКЕДОНИЈООООООООООО...!-даЛИ СТЕ РАСПОЛОЗЕНИ ЗА НЕКОЈ ВИЦ ?

Day 1,613, 13:22 Published in North Macedonia North Macedonia by Macedonian Solldier

Плавуша сака да стане полицаец

Плавуша оди на интервју за работа во полиција. Шефот на полицијата:
- Ќе ви поставам неколку прашања. Колку е два по два?
- Аааа... четири.
- Во ред.
Квадратен корен од 100?
- 10?
- Добро. Кој го убил Гоце Делчев?
Плавушата молчи. После некое време рекла:
- Не знам...
- Добро, размисли и дојди утре.
Пријателката и се јавува на плавушата:
- Те вработија ли?
- Не само што ме вработија, - се фали плавушата – веќе ми дадоа и истрага за убиство да водам.





Кривично дело силување


Судијата:
- Како се случи?
Оштетената:
- Ме соблече и брутално почна да ме силува.
- Како точно?
- Па... Јас одозгора, тој одоздола...




Како се пие виски во различни земји?


Англија: чисто и сода во посебна чаша.
Америка: разредено со сода и мраз.
Македонија: вечер виски, наутро вода и мраз на глава.



Не е се така како што изгледа


Дечко испраќа девојка. Стигнуваат кај неа и таа му вели:
- Моите родители ги нема. Може да дојдеш да пиеме кафе.
- Не, не. Се уште добро не се познаваме.
Девојката си мисли: Каков џентлмен.
Момчето си мисли: Штета што не си ги сменив чорапите.




Зошто пивото е подобро од жената?


- Пивото никогаш не добива главоболка
- Можеш да пиеш пиво со пријателите
- Не е потребно да даваш куп пари за едно пиво
- Можеш да уживаш во пивото секој ден од месецот
- Ладното пиво секогаш е убаво
- Секогаш си сигурен дека си прв кој го отвора пивото
- Можеш да пиеш повеќе од едно пиво без да се чувствуваш виновен
- Пивото не љубомори кога ќе си земеш друго пиво



Сите карти на маса - добар виц


Непосредно пред свадбата мажот вели на жената:
- Жено, сакам да ти кажам нешто. Сакам да знаеш дека кога има важен спортски натпревар, ме нема по 3 дена, кога пее Гавазова ме нема по 1 ден, кога седнеме да пиеме со пријателите ме нема по 1 недела.
Жената:
- Мажу, срце мое, и јас имам да ти кажам нешто: „Секој ден во 1😇0, те има, те нема, јас се е...!“





Последен испит


Последен испит. Студент влегува половина час пред крајот на испитот и започнува да пишува. Испитот завршува. Студентот последен ја носи испитната тетратка. Професорот не сака да му ја прими. Студентот нервозно прашува:
- Вие знаете ли кој сум јас?
- Не и не ме интересира! – Одговара професорот.
- Добро – студентот набрзина ја става испитната тетратка во средината од купот со предадени тетратки и си излегува од салата.


Итар Пејо и Јапонецот


Итар Пејо отишол кај својот пријател во Јапонија. Кога заѕвонил на вратата нешто силно го удрило и паднал во кома. Кога се освестил прашал:
- Што се случи?
Јапонецот му одговорил:
- Ништо посебно, само јапонска техника – карате!
Наредната година Јапонецот дошол на гости кај Итар Пејо во Македонија. Уште пред да стигне до вратата нешто силно го удрило и тој паднал во кома. Кога се освестил, прашал:
- Што се случи?
Итар Пејо му одговорил:
- Ништо посебно, јапонска техника – полуосовина од Тојота.






Дневникот на еден индијанец


Индијанец се научил да пишува и започнал да води дневник.
Пишува:
(Ден прв)
Многу убав ден. Ќерката на главатарот се изгуби, ја најдовме покрај реката и цело племе и се изреди. Многу убав ден.
(Ден втор)
Многу убав ден. Жената на главатарот се изгуби, ја најдовме покрај карпите и целото племе и се изреди. Многу убав ден.
(Ден трети)
Како можев да се изгубам? Многу лош ден.




Наркоман и противпожарна сужба


Телефонски повик во противпожарна служба:
- Ало, пожарна?
- Да.
- Да ви раскажам... Пред три години правев забава дома. Еден другар донесе трева. Поголемиот дел ја испушивме, а еден дел засадивме во саксија.
- И?



Полицаец, жена му и најдобриот другар


Полицаец се враќа порано од работа и ја фаќа жена си во кревет со неговиот најдобар пријател. Толку многу се изнервирал што го извадил пиштолот и го насочил кон својата глава.
- Не можам да го поднесам ова! – извикал полицаецот – Жена ми и најдобриот пријател во кревет! Ќе се самоубијам!
После овие зборови жена му започнала да се смее.
- Не се смеј мори – рекол полицаецот – ти си следна!


Виц на денот: Швалерот кој се сокри во паркот


Жената водела љубов со својот швалер, кога неочекувано се вратил мажот. Мажот збеснал и почнал да го брка швалерот, а овој избегал во паркот. Таму гледа фонтана со статуи од голи мажи. Застанал и тој надевајќи се дека сопругот нема да го забележи. После некое време од статуите се слуша глас:
- Соблечи ги чорапите оти сите ќе не фатат.



500 евра


Жена си одела по улица, кога наеднаш ја запрел еден маж. Мажот и рекол:
- Сакам да Ве имам во овој момент! Прекрасна сте. Ќе фрлам 500 евра на земјата и додека се наведнете да ги земете јас ќе свршам работа.
Жената се замислила и и се јавила на најдобрата пријателка за совет. Пријателката и рекла да се согласи, затоа што за толку кратко време мажот не може ниту панталоните да си ги соблече. После два часа жената пак и се јавува на пријателката.
- Што се случи? Му ги зеде ли парите?
- Да, но одвај ги собрав. Тој не ми кажа дека ќе фрли 500 евра ама метални.




Попот и попадиката на пат


Попот и попадиката патувале со автомобил низ шумата. Ги нападнале разбојници. Им ги зеле сите пари, а попадиката ја „опнале“. Потоа ги пуштиле. Продолжиле по патот а попот налутено молчел. Попадиката се обидувала да го смири:
- Зошто се лутиш попе? Тоа беше од Дедо Господ!
Попот:
- Тоа што не нападнаа и што не ограбија – беше од Дедо Господ. Тоа што ме истепаа а тебе те „опнаа“ – беше од Дедо Господ. Но тоа што им го местеше задникот додека те „опнуваа“ – е тоа не беше од Дедо Господ.



Две баби


Две баби разговараат:
- Колку тежиш?
- 70 килограми со се очилата.
- А без нив?
- Без нив не можам да ја видам вагата.






Среќен маж


Маж се запознава во бар со една привлечна 48 годишна дама. Пијат и разговараат цела вечер и на крај жената го прашува:
- Си пробал ли некогаш секс во тројка и тоа со мајка и ќерка?
- Не.
- А би сакал ли да пробаш?
- Да, да. Се разбира!
- Тогаш ајде да одиме кај нас!
Пристигнуваат кај нив, дамата ја отвора вратата и извикува:
- Мамо, спиеш ли!?





Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?


Таткото го прашува Зоки Поки:
- Сине, ти што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?
- Тато јас сакам да бидам чистач на базени.
- Баш тоа и ништо друго?
- Може и градинар, водоводџија, разнесувач на пица, Дедо Мраз...
Таткото малку се замислил, а потоа извикал:
- Жено, синот ги нашол касетите.






Неколку вица за добро празнично расположение

Ѕвони ѕвончето на вратата. Прекрасна млада девојка отвора. Надвор стои симпатичен младич со букет во рака. Девојката: - Комшија, какво пријатно изненадување за 8-ми март. Леле колку ги сакам тие цвеќиња... Младичот : - Хм... Всушност... Може ли да го викнеш твојот брат?
Во продолжение уште 5 вица.





3 вица за 8 март

7 март. Плавуша се вози во воз. После некое време слуша:
- Следната станица е 8-ми март.
Плавушата нервозно:
- А порано нели може да се слезе?




Што велат жените од различни професии за време на секс

Учителката: Уште, уште, не е доволно, уште...
Докторката: Ве молам не влегувајте по двајца...
Банкарка: Следниот, ве молам...
Спортистката: Темпо, темпо, еден, два, три, побрзо, темпо, темпо!




Големиот Брат


Која е најголемата казна за еден маж во Големиот Брат?
- Три месеци да е затворен во стан со 6 жени и да не може да излаже дека спиел со нив 🙂




Итар Пејо и царевата ќерка


Принцезата во царството никој не можел да ја задоволи. Нејзиниот татко – царот дознал за нејзиниот проблем и рекол дека оној кој ќе успее да ја задоволи ќе ја добие нејзината рака и половина царство.
Се пријавиле Американец, Французин и Итар Пејо.





Зошто му раскинала девојката?


Млад дечко решил да и купи роденденски подарок на својата нова девојка. Долго се двоумел и решил да и купи пар ракавици: романтичен и не премногу интимен подарок.




Заборавиле да напишат домашно

На час. Учителката ги проверува домашните:
- Петар, зошто немаш домашно?
- Вчера си ја повредив раката.
- Седи, единица. А ти Марике?
- Дедо ми се разболе. - Седи, единица.
А ти Зоки Поки?
- Вчера брат ми се врати од затвор.
- Се обидуваш да ме уплашиш а? Седи двојка.




Неочекувана средба


Маж се прибира неочекувано дома. Оди во спалната, го отвора шифоњерот и гледа внатре непознат гол маж.
- Што правиш овде? – запрепастено прашува сопругот.
- Патувам во трамвај.
- Бреј што рече!
- Бреј што праша!



Лоша снаа


На снаата и здосадиле свекорот и свекрвата, па ги прашала пријателките како да се ослободи од нив:
- Купи им Лада, ќе се судрат и ќе загинат.
После една недела ја среќаваат и ја прашуваат:
- Што направи, ги отепа ли?
- Не, не, ја возат секој ден но ништо не се случи.
Другарките и даваат друг совет...





Исус, папата и Чак Норис


Исус, папата и Чак Норис се возеле во кајче. Исус излегува од кајчето и почнува да оди по водата додека не стигне до брегот. Чак Норис го прави истото. Се обидел и папата, ама потонал и морал да плива до брегот. Додека папата пливал Исус му вели на Чак Норис:
- Да му кажеме ли за камењата?
Чак Норис:
- Кои камења???





Телевизор


Учителка ги прашува децата:
- Деца, кое е најголемото нешто кое може да го лапне човек?
- Јаболко, учителке!
- Друго, деца?
- Круша, портокал...
- Друго? Кажи Зоки Поки.
- Телевизор, улчителке!
- Аман бре Зоки, кој јаде телевизор?
- Секоја вечер кога си легнувам тато и вели на мама: „Ајде гаси го телевизорот и лапај го“.





ЦК 🙂


Итар Пејо и попот одлучиле да проверат кој спиел со повеќе жени. Застанале во центарот на селото и се договориле кога ќе помине некоја жена со која некој од нив спиел, тој да рече „ЦК“. Стоеле долго време а резултатот бил изедначен. На крај, поминале сите жени од селото освен жената и ќерката на попот. Поминуваат двете и попот триумфално рекол „ЦК“. Итар Пејо: „ЦК, ЦК“.





Сапунска љубов


Жена гледа турска серија на една телевизија. Едно време му се обраќа на сопругот:
- Види бе, види, колку ја сака Саваш...
- А ти знаеш ли колку му плаќаат за тоа?



Среќен пијаница


Маж им раскажува на пријателите:
- Се враќам дома пијан. Влегувам во спалната, ја гледам жена ми како води љубов со некој тип. Одам во кујната, го отворам фрижидерот, вадам шише ракија, пијам, пеам тажни песни и заспивам. После некое време се будам и што да видам: Сум го погрешил станот!




Женска логика


Патува жена во автобус. Треба да купи билет, но не знае колку чини. До неа седи друга жена. Како да и се обрати, со „ти“ или со „вие“? Размислува логички пред да ја праша за цената.
Овој автобус е брз. Ако досега не се симна ќе оди во мојата населба. Носи шише вино, значи оди кај некој маж. Виното е скапо, значи оди кај некој убав маж. Во мојата населба има само двајца убави мажи: мојот маж и мојот љубовник. Таа не оди кај мојот љубовник бидејќи јас сега ќе одам кај него. Значи оди кај мажот ми. Мажот ми има две љубовници – Кате и Ане, а Кате е на службено патување.
- Ане, колку чини билетот?
- Од каде ме познавате?





Синот домаќин


Мајката му пишува писмо на синот кој е во затвор:
- Сине откако отиде во затвор, мене и на татко ти ни е многу тешко. Нема дури кој да ни ја прекопа градината за да насадиме компир.
Одговорот на синот:
- Мамо, не копајте ја градината! Таму го закопав пленот.
Одговорот на мајката:
- Сине, не знам за каков плен зборуваш. Го добив писмото отворено, ден порано овде беше полицијата, ја прекопаа градината а ништо не најдоа.
Одговорот на синот:
- Мамо, толку можам да направам од овде, сега само засадете го компирот.





Итар Пејо и лекот за сите болести

Итар Пејо бил овчарче. Живеел кај чорбаџиите. Еден ден попот поминал и гледа како Итар Пејо го потопува во млеко и и го става на чорбаџиката. Попот прашал:
- Што правиш, Пејо?
- Ја лекувам дедо попе, нешто многу е болна.
- Абе и попадиката е многу болна, ќе дојдеш ли да ја излекуваш?
Итар Пејо зел едно котле со млеко и тргнал со попот. Отишле кај нив и Итар Пејо започнал со „терапијата“. Попот го гледа и вели:
- Ако не беше млекото, ова ќе беше чист секс...




На бал со маски

Маж и жена биле поканети на бал со маски. Непосредно пред заминувањето жената силно ја заболела главата и останала дома. Се напила апче против главоболка и легнала да одмори. По еден час и поминала главоболката, па решила да оди на балот да види што прави нејзиниот сопруг.