САД сакале независна Македонија пред повеќе од два века...

Day 1,611, 14:07 Published in North Macedonia North Macedonia by dandi206

Уште во 1783 година, Соединетите американски држави сакале независност на Македонија.

„Грците денеска иако се зборува дека имаат имагинација и генијалност, се корумпирани во своите морални начела до таков степен што се претвориле во неверна перфидна раса, бедна за храброст, како и со оние принципи на чест и доблест без кои нациите не може да имаат доверба помеѓу себе, ниту да им се верува на другите“.

-Џон Адамс, еден од татковците на САД и нивниот втор претседател, правел јасна разлика и дистинкција помеѓу Македонија и Грција и се залагал со американска помош и двете земји да се ослободат од турското владеење и да созддат независни републики (демократии). Тоа може да се забележи и од писмото, од 14 јули 1783 година, зачувано во неговата коресподенција, упатено до Роберт Ливингстон, првиот секретар на Стејт департментот.

Токму Адамс во писмото обраќајќи се кон Ливингстон мошне јасно ја образложува американската наспроти позицијата на некои европски сили во однос на ова прашање.

„Господине, САД ги пропагираа надолго и нашироко во Европа идеите за слобода на навигацијата и трговијата. Меѓутоа, европските сили се уште не се согласуваат за нивно комплетно прифаќање. Секоја од нив посакува да го задржи ексклузивното право над некое одредено море или река, а сепак да го ужива правото и да плови по другите“

Вториот претседател на Америка имал јасна цел за Балканот, делот од светот кој мошне добро го познавал. Неговиот план делумно беше остварен по ослободувањето од турско ропство на Грција иако не и беше дозволено да создаде република и демократија.

Македонија остана неостварената желба на Адамс. Земјава наместо слобода, уште долги години остана под ропство.

-И во моментите кога со натчовечки напори се кревале востанија и се настојувало да се дојде до слобода и независност потпираќи се на сопствените сили и непомогната од никого(заради кои принципи жестоко страдаа токму Македонците), Македонија и Македонците и во Илинденското востание и на АСНОМ ја промовираше токму републиканската идеја за која се застапувал и Адамс.

-Писмото кое сведочи за заложбите на Македонија и за заложбата на САД кон земјава, се чува во националната архива на Америка.