За сите љубители на ПОКЕР!!!! [интересно]

Day 1,611, 13:40 Published in North Macedonia USA by The One from Macedonia

Поздрав драги еМакедонци,

Тимот на Министерството за Култура на еЛитванија го претстави својот нов проект – eWorld Series of Poker (eWSOP). Тие организираат покер натпревари во еЛитванија веќе подолго време па сакаат да го зголемат обемот поради интересот за покер. Подолу ќе ви објаснам како ќе биде прганизирано и како ќе можете да се вклучите и вие во овој проект.

Пишете ми за да ви го објаснам начинот на пријавување

Како е организирано.

Игрите ќе се играат на Poker Stars покер клиентот. Еден од администраторите на групата ќе организира турнир и објавува статија со информации за турнирот 2 дена пред тој да почне или доколку се направи некој распоред ќе постојат и фиксни термини за игрите. Секој кој ќе сака да учествува праќа сума која претходно е одредена за натпреварот на администраторот а тој во својата статија ќе прави секој час ревизија на пријавени а потоа и ќе го објави фондот на добивки. Еден час по завршувањето на турнирот сите добивки ќе бидат поделени на учесниците. Секако доколку постојат и спонзори истите ќе бидат спомнати и ќе постои и фиксен награден фонд кој ќе се додаде на средствата собрани од учесниците. Секој учесник кој ќе освои место кое спаѓа во наградниот фонд ќе се додаде во добитничка табела за која ќе има неделни и месечни наградни фондови. А секако и ќе излегува како информација во статиите за еWSOP.


Нема дискриминација за ниту една аАлијнса/земја.

Секој жител на еРепублика е поканет да учествува. Може да се гледа ова како уште една шанса покрај битките да се докажуваме и на друго место. Нели би било јако да ги видиме Шиме, Флаусино, Ломпел и остали на финална маса покер 


Наша цел.

Ќе се организираат турнири во одредени периоди и со одредени суми. Турнирите ќе бидат во е-валута при што ќе има различни видови и различни наградни фондови секако.


Нашата мисија.

По достигнувањето на доволен број играчи. Ќе се организираат и поголеми турнири кои ќе имаат и влезни влогови и до 5000 cc.


eWSOP администратори:
1. aurimaass (Lithuania)
2. djpacuks (Lithuania)
3. krste83 (Macedonia)


Пишете ми за да ви го објаснам начинот на пријавување



Ваш,
eWSOP Club Administrator,
krste83

Преведено од:
Team MoC eLithuania


P.S Article in other languages: English