Откриен лек против алкохолизмот?

Day 1,596, 00:43 Published in North Macedonia North Macedonia by SoloStalkerMK

Еден доктор од Њујрок предлага нов начин за лечење на алкохолизмот, како болест на денешницата, тврдејќи дека успеал и сам да се излечи на тој начин.

Оливије Амизан, американски лекар, тврди дека се излечил од алкохолизам брзо, ефикасно и без никакви напори, користејќи лек чија првична намена му е како мускулен релаксант, кој се користи во најголемите случаи на невролошка патологија, пренесуваат американските медиуми. Името на лекот е Baclofen.

Амизан планира во почетокот на септември да издаде студија во која детално ќе бидат прикажани резултатите на истражувањето и ќе биде објаснет механизмот на елиминација на желбата за пиење, поттикнат од овој лек.

Сепак, постојат и доста стручњаци кои се противат на ова тврдење, истакнувајќи дека алкохолизмот е борба на психолошка зависност и дека без помош од психијатар, пациентот лесно може да се врати во претходната состојба на зависност.