Блажевски го собори рекордот на Маленко

Day 1,592, 10:54 Published in North Macedonia North Macedonia by BlackbMamba24




“Canada Olympic Trials” е место каде што најдобрите пливачи на Канада имаат можност да заземат место во канадскиот тим за Лондон, доколку достигнат резултат со кој ја исполнуваат олимписката норма. Бидејќи овој натпревар е квалификациски за ЛОИ 2012, учествуваат пливачи и од други земји од светот.
Иако правилата велат дека во „А-финалето“ можат да пливаат само Канаѓани, сепак сите учесници имаат можност да го остварат својот сон.

Нашиот Марко Блажевски настапи под знамето на Македонија и иако финансиран единствено од своите родители, тој успеа да постави нов национален рекорд. Денес, во 10 часот по локално време тој постави нов државен апсолутен рекорд на „400м: слободно“ со време 4:03:19, соборувајќи го речиси 15 години стариот рекорд на Александар Маленко.