Зошто Унитед ке биде Шампион на Англија

Day 1,589, 15:18 Published in North Macedonia Turkey by Patlayamamismisir

Манчестер Јунајтед синоќа со единствениот гол на Вејн Руни успеа да дојде до минималнa, но заслужена победа против Фулам на домашен терен во рамките на 30-тото коло во Премиерлигата. Со овој триумф „црвените ѓаволи“ се „одлепија“ од градскиот ривал Сити на три бода.



Јунајтед сега е лидер со 73 бода, а до крајот на шампионатот има уште осум натпревари. Еве неколку статистички податоци што кажуваат за формата на Јунајтед во последните осум кола од шампионатот, кога станале прваци. Голема карактеристика на 12-те шампионски титули освоени под водство на Фергусон е тоа што кога е најпотребно Јунајтед едноставно само победува, победува и победува.



Сезона: 1992/93 (вкупно 42 натпревара)

По 34 натпревари: 62 бода

На крајот од сезоната: 84 бода

Последните осум натпревари: едно реми и седум победи



Сезона: 1993/94 (вкупно 42 натпревара)

По 34 натпревари: 76 бода

На крајот од сезоната: 92 бода

Последните осум натпревари: два пораза, пет победи и едно реми



Сезона: 1995/96 (вкупно 38 натпревари)

По 30 натпревари: 61 бод

На крајот од сезоната: 82 бода

Последните осум натпревари: едно реми и седум победи



Сезона: 1996/97 (вкупно 38 натпревари)

По 30 натпревари: 60 бода

На крајот од сезоната: 75 бода

Последните осум натпревари: три ремија, четири победи и еден пораз



Сезона: 1998/99 (вкупно 38 натпревари)

По 30 натпревари: 63 бода

На крајот од сезоната: 79 бода

Последните осум натпревари: четири ремија и четири победи



Сезона: 1999/2000 (вкупно 38 натпревари)

По 30 натпревари: 67 бода

На крајот од сезоната: 91 бод

Последните осум натпревари: осум победи



Сезона: 2000/01 (вкупно 38 натпревари)

По 30 натпревари: 70 бода

На крајот од сезоната: 80 бода

Последните осум натпревари: четири порази, три победи и едно реми



Сезона: 2002/03 (вкупно 38 натпревари)

По 30 натпревари: 61 бод

На крајот од сезоната: 83 бода

Последните осум натпревари: едно реми и седум победи



Сезона: 2006/07 (вкупно 38 натпревари)

По 30 натпревари: 75 бода

На крајот од сезоната: 89 бода

Последните осум натпревари: четири победи, два пораза и две ремија



Сезона: 2007/08 (вкупно 38 натпревари)

По 30 натпревари: 70 бода

На крајот од сезоната: 87 бода

Последните осум натпревари: пет победи, еден пораз и две ремија



Сезона: 2008/09 (вкупно 38 натпревари)

По 30 натпревари: 68 бода

На крајот од сезоната: 90 бода

Последните осум натпревари: едно реми и седум победи



Сезона: 2010/11 (вкупно 38 натпревари)

По 30 натпревари: 63 бода

На крајот од сезоната: 80 бода

Последните осум натпревари: две ремија, пет победи и еден пораз



До крајот на оваа сезона, Манчестер Јунајтед има само еден тежок „испит“, а тоа е градското дерби со Сити, што можеби ќе го одлучи шампионот. Останатите противници се Блекбурн, Квинс Парк Ренџерс, Виган, Астон Вила, Евертон, Свонси, Сандерленд.