ПЕРУН ВРХОВЕН БОГ НА СЛОВЕНИТЕ И БОГОТ НА МОЛЊАТА

Day 1,576, 08:15 Published in North Macedonia North Macedonia by I6or

Ај здраво на сите.

Седејќи си и гледајќи си го аватаров си викам, што ли значи ова Перун, како име на воена единица, која е актуелна во Полска и Словачка.

Ама никако да ми текне да си гуглнам, па сетне си заборавив. И денес случајно на фејсбук глеам некој србин шо го имам за пријател, поставил некои слики од Србска митологија, предПравославни богови на србите. И си ги гледам ја сликичките, и оп гледам на една слика човек со брада, убав, красив старец налик на бог, и читам Перун и некој текст на разбирлив славјански јазик пишува Буди Славен Перуне, вожд наши, И от века до века, И веди Нас до Понеде Духа, Так било, так ест, И так будет. Значи словенските богови си ги претставил како српски, хехе ама сепак не ми смета, србите си се словени и се деклалираат јавно дека се, за разлика од некои други кои говорат славјански мајчин јазик, што нејќам да ги споменувам, а самите знаете кои се(значи множина).



И така решив подетално да си гуглнам и да си прочитам зашто вакви работи страшно ме интересираат.

ПЕРУН е бог на молњата и врховниот бог во словенската митологија. Бил асоциран со планините, дабот, орлите, како и со оружјата и војната. Имал секира (или чекан) и ја фрлал по лошите луѓе, и секогаш му се враќала.



Етимологија

Името Перун доаѓа од индо-европскиот корен перк, што значи удира (од истиот корен доаѓа и зборот перкусија). Наставката -ун го означува извршителот на дејството, па така Перун би значело оној кој удира.
Освен Перун, тој е наречен Пјорун (Piorun) во Полска, а сличен бог може да се најде помеѓу Балтичките народи како Перкунас, а кај Финците богот Уко уште се вика Перкеле.
Името на Перун останало и во голем број топоними како Перуновац, Перуни Врх, Перуничка Глава и други. Најголем дел од овие претставуваат планини (Перун бил асоциран со планините), но во средниот
век одредени дабови, шуми и села биле наречени Перун. Перуниката исто така го добива името по Перун.
Од сите словенски богови, најмногу историски извори има за Перун. Првпат се спомнува во De Bellum Gothicum на Прокопиј, каде што пишува дека јужните словени веруваат дека има еден бог, создавачот на громовите, кој владее над сите други богови. Неговото име не е изнесено во текстот, но самиот факт дека во некои словенски јазици самото име Перун еволуирало во збор за молњата е доволен доказ дека се мисли на овој бог.
За првпат името на Перун се спомнува во Хрониката на Нестор. Во неа, Русите даваат заклетва пред Перун и Велес. Имено, ако ја прекршат заклетвата, тие веруваат дека ќе бидат казнети од овие богови.
Велес казнува со смрт од болест, а Перун ја претпочита војната како начин на казнување.



Карактеристики

Перун бил меѓу другото громовник и бог на небото. Тој бил бог на таканареченото „ниско небо“, додека со „високото небо“ владеел Сварог. Во неговиот домен биле облаците, громовите и дождот.
Перун исто така имал двојна улога како бог на војната. Според Велесовата книга, оние кои умираат во битка живеат засекогаш во неговата војска. Инаку, речиси сите учени ја сметаат Велесовата книга за фалсификат од поново време и нејзе не и се обрнува никакво сериозно внимание



Перун како громовник

Најважна улога Перун играл како громовник. Се верувало дека неговите громови биле всушност камења или стрели кои тој ги користел како оружја[1]. Некои камења биле сметани за остатоци од нив и биле нарекувани Перунови стрели. Се верувало дека биле заштита од непогоди, несреќа, клетви и (доста природно) од громови. Слично на нордискиот Тор (богот на викинзите), Перун јавал во битка на својата кочија, а вртењата на нејзините тркала предизвикувала грмотевици.



Обожување

Четвртокот бил ден посветен на Перун. Ова е тренд кој се појавува и кај другите индо-европски
народи. Четвртокот секогаш бил денот на громовникот. Доказ за ова претставуваат и имињата за
четвртокот во некои јазици:
-Donnerstag (германски) - доаѓа од германскиот Донар (Donar)
-Thursday (англиски) - доаѓа од нордискиот Тор (Þórr)
-Jeudi (латински) - доаѓа од латинскиот Јупитер (Jupiter)
Бидејќи бил асоциран со дабот, храмовите и светилиштата на Перун често биле градени под стари дабови. Во овие храмови се принесувале и жртви. Се жртвувале бикови, говеда, овни и други нешта.
Според некои извори, на Перун жртвувале и воени затвореници, најверојатно еднаш годишно, за време на неговата слава. Храмовите на Перун секогаш се граделе на ридови, планини и други високи места.
Исто така, храмовите на Велес секогаш биле градени на ниски места. Симболиката на ова е многу јасна - Перун како небесен бог бил обожуван на високо, додека неговиот противник Велес како бог на подземјето бил обожуван на ниски места. Исто така било обичај идолите на овие два бога никогаш да
не се ставаат на исто место. Така, кога рускиот владетел Владимир I изградил монументални статуи на словенските богови во Киев, статуата на Велес била подалеку (и подолу) од другите, помеѓу кои стоела статуата на Перун.



Перун во митовите

Во словенската митологија (како и во нордиската), светот е претставен како џиновски даб, чии гранки се небото, стеблото - земјата, а корењата се подземниот свет. Перун седел на врвот, често претставен како орел. Во корењата живеел Велес, кој владеел со подземниот свет. Велес бил непријател на Перун и често доаѓал во горниот свет во форма на змија за да краде од него. Кога ќе дознаел, Перун го стрелал Велес со молњи во обид да го убие. Овој бегал на човечкиот свет и се криел зад дрвја, куќи или луѓе. Каде што ќе удрел гром, таму Велес се криел. На крајот Перун го убивал Велес, т.е. го враќал во подземниот свет, и овој таму бил прероден.
Треба да се забележи дека борбата помеѓу Перун и Велес не е борба помеѓу доброто и злото карактеристична за христијанскиот Бог и ѓаволот, туку борба на спротиставени принципи, т.е. небо-земја и оган-вода. Словените не го претставувале Велес како зол лик. Напротив, тој бил исто толку важен и популарен колку и Перун.



Христијанизација

Со процесот на христијанизација на словените, црквата успешно го заменила Перун со светецот пророк Илија. Според Библијата, тој јавал на огнена кочија низ небото. Ова било доволно добра компарација со богот на молњата, па така бил создаден Илија громовникот. На запад, Римската католичка црква го
заменила Перун со св. Архангел Михаил војводата на ангелите. На локално ниво, некои карактеристики на Перун биле пренесени на самиот христијански Бог.



Толку
Ај чао

СЛАВА ТЕБИ ПЕРУНЕ