На старите патеки! [спецанз]

Day 1,573, 07:48 Published in North Macedonia USA by specanz
Музичка подлога за вечер!
Добар ден македонци, после долго време решив да го активирам малце весников мој. Едноставно чуствуев потреба да напишам пар збора што ќе ни дадат дополнителна морална поддршка за вечер.

Имено последниве неколку месеци поминавме низ многу турболенции, се менуваа претсеталети, сојузот губеше на сите страни, расправии кој крадел кој лажел, бришени на неколку наврати. Сето тоа резултираше со откажуење на многу играчи од играва. Што воопшто не е добро, но не е тоа наш стил, едноставно ние сме МАКЕДОНЦИ, колку и да сме угнетувани секогаш ќе бидеме тука да сме трн во око на нашите непријатели!

Последниве шест дена, минуваме во мошне мирен период, каде што битките ги добиваме без многу проблеми, секако тука е нашиот претседател, каде што треба секаде подбутнуе по малце, за ова сме му благодарни сите! Сите знаеме вечер што ќе се случуе, па затоа од вас барам никој да не се штеди, и да не се чува за некое "подобро" време, зошто такво НЕМА да има освен ако самите не си го оствариме!

Знаеме дека нашите поранешни браќа, а сегашни смртни непријатели турците силно ќе удрат вечерва на нас. НО болката не пече, но не не скршува. Таа не јакне. Тука се открива благородноста на нашиот род. Вечрва цела еМакедонија сакам да преставува едно единствено срце. Се се сведува на нашето основно и големо достоинство како МАКЕДОНЦИ. Јас сум гневен пријатели, сакам и вие вечер да бидете, затоа што така ќе ја заврстиме општата и железна волја за освојување на загубеното.

Нацијата им верува на своите војници, затоа што верува во самата себе, Токму нацијата е таа која ги избира војниците под своите пазуви. Кога нацијата е голема, решителна, готова да се жртвува, борците се исто така подготвени. Вечерва сакам државата да не се штеди, и да е свртена кон своите синови и ќерки, кои треба да ја спасат од опасноста и да ја ослободат од претрпениот срам изминативе месеци!

Не треба да се плашиме да бидеме смели, и запамтете Треба да се дејствува, да се тргне, да се војува, а ако треба и да се умре.

Со почит Спецанз