[ Индија ] Интервју со претседателскиот кандидат Макал !!!

Day 1,565, 18:58 Published in North Macedonia North Macedonia by Makedonija Do Indija



Здраво Македонијо ! Здраво Миср ! Здраво ооо Индијо земљо Македонска, поздрављавам те !


Како што добро знаете за 2 дена се Претседателските избори. Добри кандидати, конечно ќе добиеме лидер кој ќе не води на правиот пат и ќе не извади од ова сивило и монотоност.

Долго време немам напишано статија, па еве можност да се вратам на пишаниот збор со едно големо интервју.

На моите прашања ќе одговара мојот добар пријател, соборец и сопартиец, Макал, кој ќе земе учество во претседателската сага.

Па да почнеме.

1. Најпрво, добредојде, фала што се одзва на поканата. Ајде хронолошки да ни ја претставиш твојата еИсторија.

- Добро те најдов, Македонија до Индија. Значи како што може да се види од мојот профил на играва се регистрирав далечниот 28 Јануари 2010 година по предлог на мој братучед. Студент сум на Правниот факултет каде што ми остана само уште магистарската тема за пишување па затоа ќе имам МНОГУ слободно време за да се посветам на играта. Не сум познат на поголемиот дел од јавноста затоа што одсекогаш сум играл тивко и никогаш не сум се карал и препукувал по статии и shout-и.

2. Кој претседател е твој ,,идеал,, , односно како кој досегашен Претседател ќе се однесуваш во твојот мандат, доколку го добиеш ?

- Според мое мислење досега не сме имале некој блескав претседател но кога би морал да се одлучам би рекол Don Tas затоа што во негово време еМакедонија успеа да застане на здрави нозе, да стане голема држава и од еден регион кога тој дојде на власт да се кренеме на цела Империја. Во негово време имаше и државна стратегија за тоа во кој правец да се развива нашата држава и се бранеа само македонските интереси. Исто така редовно се даваа извештаи за тоа на кој начин и за што се трошеа народните пари.

3. Во кој сектор на досегашните влади генерално , детектираш аномалии, а во кои препознаваш одлично сработена работа ?

- Прв и основен недостаток на поголемиот дел од досегашните влади е слабата искористеност на дипломатијата. Приметив многу грешки и неправилни потези во оваа област што секако планирам да го променам со мојот искусен MoFa тим.
Исто така често ни се случуваше да немаме НИКАКВА национална стратегија за тоа што сакаме да постигниме и во кој правец сакаме да се развива нашата држава.



4. Како планираш да постапиш со рефунд-системот, како мислиш да ги вратиш играчите на чат и пратењето на наредби ?

- Во мојата претседателската кандидатура наведив дека планирам да продолжам со користење на ботот Alisa со кој управува MagiMaster односно Бубо. Ќе продолжи да се користи и армискиот канал и често ќе практикуваме делење на државни тенкови за сите играчи кои ќе бидат присутни на каналот. Дополнително, ќе се дели рефунд на сите единици кои учествувале во ударите како што всушност се практикуваше и до сега да се прави.


5. Дали си од оние политичари кои мислат дека треба да го слушаат гласот на народот затоа што тој им дал можност да управуваат со нивната земја, или пак си од другиот табор кој мисли дека народот нема потреба да се заморува со водење на државата, тие и само тие знаат како да справат со тој проблем, и зошто ?

- Како што може да се види и од мојата претседателска кандидатура јас сум застапник на првата група на политичари кои сметаат дека треба да контактираат со своите избирачи и да го слуша нивниот глас затоа што на тој начин ќе им даде и нив шанса да предложат некоја корисна идеја или предлог за тоа како да ја направиме нашата еМакедонија подобро место за живеење

6. Што мислиш за своите против-кандидати ?

- Па дел од нив се познати, дел се непознати за пошироката јавност. Дел се сериозни кандидати, дел се имаат кандидирано само колку да си ја направат играта поинтересна. Како и да е, нема да изнесувам мое мислење за секој од кандидатите и ќе оставам избирачите сами да се определат кој кандидат има најдобра стратегија и најдобар тим со чија помош ќе го исполни сето тоа што го ветил.


7. Каде ја гледаш својата предност а каде својот минус во споредба со нив ?

- Предност ми е тоа што ќе имам искусен и агилен тим покрајмене со чија помош ВЕТУВАМ дека ќе исполнам се она што е предвидено во мојата претседателска кандидатура и ќе направам се за еМакедонија повторно да застане на здрави нозе.
Мал минус може да се смета тоа што за поголемиот дел од играчите сум непознат затоа што не се експонирам многу по статии и shout-и но сепак тоа може да се промени 


8. Зошто Македонските граѓани да гласаат за тебе , кои се промените што ги ветуваш ?

- Секој кој соработувал сомене знае дека секогаш сум бил одговорен и кога нешто ќе ветам – ИСПОЛНУВАМ. Значи можам да ВЕТАМ дека сето она што е напишано во мојата претседателска кандидатура ќе направам се што е во мои можности за да го исполнам. Јасно ми е дека ќе има многу пречи и дека ми следува трнлив пат за одење, но сепак спремен сум да го прифатам овој предизвик и да допринесам за враќање на еМакедонија на старите патеки.


9. Што имаш да му порачаш на Македонскиот народ ?

- Гласајте замене за заедно да и помогнеме на нашата држава да стане повторно империја со голем број на територии а со тоа и голем број на ресурси.

Благодарам на интервјуто, среќно на изборите, секое добро !