Ова ми е прва статија и сакам да замам мм медалот

Day 1,564, 06:02 Published in North Macedonia North Macedonia by Pwn3d xD

НАСА објави дека проблемите со сигурноста имаат заземено многу поголеми размери, откако официјално соопшти дека еден од украдените лаптопи минатата година содржи важни кодови со кои се контролира вселенската станица, а притоа не постои соодветна заштита на истиот.

Инспекторот на НАСА, Пол Мартин соопшти дека само во период од две години, од април 2009 до април 2011, украдени се 48 уреди, меѓу кои мобилни уреди што содржат лични податоци, интелектуална сопственост и податоци кои не се дозволени за јавноста. Во нив секако се вбројува и загубата на алгоритами кои се користат за команда и контрола на Меѓународната вселенска станица, пренесува Daily Mail.

Во останатите украдени лаптопи, се наоѓаат тајни информации за програмата Орион, како и социјални броеви на вработените во НАСА.

Сепак, од НАСА изјавуваат дека тоа може да не е конечниот број на изгубени уреди, бидејќи пријавувањето на украдени или изгубени сопствености е волонтерски и зависи од самиот вработен.

„Во 2011-та, НАСА беше жртва на 47 сериозни сајбер напади од индивидуалци и групи, обидувајќи се да украдат информации или да пристапат на системот“, вели Мартин, завршувајќи со зборовите дека додека НАСА целосно не имплементира решение за енкрипција на податоците, чувствителните податоци на нивните мобилни и преносни уреди ќе бидат со висок ризик од кражба или губење.