ПИВООООООО!!!

Day 1,564, 05:47 Published in North Macedonia North Macedonia by Macedonian brah

1. Витаминот Б6 во пивото го спречува создавањето на хомоцистин, амино-киселина која најчесто се поврзува со предизвикувањете на срцеви и васкуларни заболувања.

2. Во пивото се среќава и полифенот, силен антиоксиданс познат по неговите заштитни дејства на срцето на човекот.

3. Пивото делува како разводенувач на крвта, па со тоа го намалува ризикот од згрутчување на крвта и создавањето на коронарна тромбоза.

4. Пивото го намалува нивото на лошиот холестерол LDL (low density lipoprotein), а го зголемува нивото на добриот холестерол, липопротеинот HDL.

5 Пивото ги намалува шансите за создавање на камен во бубрезите.

6. Статистиката покажува дека несоницата напаѓа еден од десет испитаници, а добриот сон е основен предуслов за високите нивоа на енергија и за доброто расположение. Чаша добро пиво е одлично решение за сите оние кои сакаат да се опуштат.

7. Хмељот во пивото содржи фитоестрогени кои помагаат во спречување на остеопорозата кај жените. Секако пивото не може да биде замена за терапијата со естроген.

8. Пивото го намулава холестеролот.

9. Хипертензија. Студиите покажуваат дека жените што консумираат 2-3 пива неделно, имаат 14% помалку шанси да заболат од висок крвен притисок.

10. Едно вообичаено шише пиво од 0,33 литри содржи: 150 калории, 0% маснотии, 0% кофеин и 92% вода.