Една година постоење на Демони + Покана за роденденска забава

Day 1,563, 14:23 Published in Turkey North Macedonia by Bojan aKa T-MaC

Драги Македонци/ки



Имам чест да ви ја преставам Едногодишната единица Demons и да ве поканам на роденденската забава



Малку ќе ве вратам во историјата на почетоците

Формирање

На крајот на февруари 2011 год. дремеќи на ком. пред еРепублик со неполни 400str сеуште не доволно запознат со играва ми се вклучи еден непознат играч на чет и почна да ме расрашува колку време ја играм играва колкава е мојата сила додека се разбереме што значи сила помина подолго време ама тоа е почетник 🙂 и други информации. Си помислив човеков се збркал, ми објасни дека има идеа да основа единица и дали би сакал да бидам дел од неа. Присуствував на канал каде што се дискутираше за основање на единицата за мене тоа беше нов предизвки а и убивање на монотоноста на играта како цивил. На каналот беа 3ца играчи Alen_001 , Troj4e и EnisMK(сегашен M@D M@😵. Кога ги додадов за пријател што да видам момците имаат 1000str кое за тоа време беше реткос посебно што се тренираше само со еден бустер не како сега. Прво што ми падна на памет што барам ја тука меѓу овие силни акаунти. Но во ниту еден момент не бев дискриминиран, немаше поделба и сите бевме исти, почнавме да кроиме планови како би функционирале и што се нашите цели во еМакедонија. Почнаа да доаѓаат и нови играчи во единицата полека но сигорно се најдовме сите на иста бранова должина. Сеуште ги памтам тие состаноци колку беа возбудливи и нов предизвик. На почеток се формираше во тајнос со мал број на играчи за да ги испегламе сите детали и да видиме како ќе функционираме. На 1 март се офроми единицата која 10 дена имаше тренинг период да се види дали ќе се издржи и дали ќе опстојуваме. Кога видовме дека сме спремни и амбициозни се објави и првата статија за регрутација од страна на Aeln изгледаше овака

WARNING!!! http://www.erepublik.com/en/article/warning-1-1708417/1/20

И после оваа статија се собравме окулу 30 играчи и интересното беше што скоро сите бевме на возрас над 24 години (и тие што не беа се однесуваа зрело 😃) и се створи убава атмосфера на чет каде што стана потреба додека сме на играта а не и обврска.

Сепак треба да се заблагорадам на тогашните единици кои не прифатија одлично и добивме подршка од сите како од членовите на единицата така и од тогашните цивили. Доаѓаа поголем број на играчи како што се пробивавме и станавме во топ 5 единици за кратко време.

Се сеќавам во тоа време почнаа конфлит меѓу единиците и се создаваа ито така и 2 блокови на партии во еМакедонија. Наша девиза беше и сеуште е секогаш да бидеме неутрални и никогаш да не влегуваме во конфлит со останатите единици или да одбереме една страна. Тој факт е и до ден денес и имаме пријатели од сите единици.



Криза - Сепак имаше период во кои не беше се така розово

- Кога пристигна летото сеуште се беше добро но меѓутоа се чуствуваше спласнување на активноста и седење на чет. Почнаа и првите интерни расправии за најбанални причини. Не треба да се заборави дека за тоа доста голема заслуга има и Плато и админите кога го вратија правилото за фирмите во кое не можеше повеќе сите членови да рабоета во едан фрирам и го врати one day work и со тоа значеше и смрт на единиците и нивниот тогашен опстанок со рефунд. Со тоа неколку ченови ја напуштија единицата и атмосферата опадна.По неколку состаноци направивме дури донесовме кодекс на однесување на чет и во самата игра. Атмосферата се смири но присуството на чет опадна со самото тоа што почнаа одморите. Дури некои членови и ја напуштија играта во тој период тогаш не напушти еден од основачите Alen_001.



Воскреснување на Демонс и враќање на старите патеки

Дојде септември а со тоа дојде и период каде што требаше да ги засукаме ракавите и да почнеме со работа. Отворивме нови регрутации, донесовме свежа крв, ја вративме атмосферата на чет . Со новите играчи дојдоа и нови идеи а и нови пријатели. Во овој месец правевме 1/2 година од оформувањето и дојде ред да се запознаме и во real life доста беше од виртуелниот свет. Се запознавме на собирот беше одлично пред се ова е игра а кога тогаш ќе престанеме да ја играме а пријателствата се вечни. Исто така овои период беше карактеризиран со многу заеднички удари и некои од нив беа и снимани и објавувани еве дел од нив кои успеав да ги најдам


eRepublik - eMacedonia Army DemonS
eMacedonian Unit - Demons against eGreece
eMacedonian Unit DEMONS defends region Macedonia




Demons - во политички води

На II собир организиран падна муабет дека доста време сме само војници дека е време да влеземе и во еПолитиката . По многу едноставниот план што го направивме и неверојатно брзо како успеавме да влеземе во политиката дури ни беше и нас смешно 🙂. Одма на првите избори претседател на партија Демонс ја зема OEM а омда последователно беше исфлен и претседател од Демонс каде што беше избран. Да напоменам дека еПолитиката бара доста real time за тоа имајте на ум кога го правите нашиов план пред се за играчи кои се над 25 години да посветиш доста време во играта и не беше така лесно. Па се вративме на старите патеки да си бидеме војници а не политичари а и поголем сеир се гледа од страна 🙂.



Demons - во моментов

Денес нашата единица брои над 80 редовни членови и над 100 цивили во неа. Нашите цивили исто така се во преднос за следните регрутации за да влезат во редовни играчи а секако идат на чет за дружење на играта. Исто така имаме јавна покано до они играчи кои сакаат да бидат Демони да бидат дел од релаксирана атмосфера и дрожба може да ни се приклучат или да не посетат на чет.



Demons - ве кани на роденденска забава

И сега нај главниот дел од целата статија Demons организра собир за роденденсакта забава во оваа забава сакаме освен играчите од Demons да дојдат на дружба и сите играчи кои се слободни во овои период.
Сабота после 21h ќе има роденденска забав во Everyday кои е во сопственос на нашиот играч Temelce локацијата на овој ресторан може да ја најдете во оваа статија од неговиот весник http://www.erepublik.com/en/article/-1-1884622/1/20
Сите сте поканети на забавата без разлика на возраста или единицата која доаѓате битно е да се дружиме. Доколку сте заинтересирани да бидете во друшто од повеќе од 15 демони слободно најавате се и резервирајте маса кај Temelce најкасно до утре (Петок) вечер за да не смести на едно место. Исто така може да дојдете на Чет или на ПМ кај мене.

афтор на текстот : Stole Lazarov





Мото : Bene vixit qui sene latuit (Кој живеел добро,живеел незабележително)

Shout this article
_________________________________________________________
Една година постоење на Демони + Покана за роденденска забава.
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1978724/1/20
_________________________________________________________