Како до силен ОНЕ?!

Day 1,561, 07:58 Published in North Macedonia North Macedonia by milevski

Како што гледаме сојузот ОНЕ е во најтежокиот можен период од играта во еРапублика. Сите сојузи т.е. ЦЕЛ еСВЕТ (освен АБС) се против 5-6 земји од ОНЕ. Скоро сите земји од ОНЕ се окупирани, освен Полска, Шведска, Македонија во моментов. Иднината е скоро никаква а каква може да биде кога цел свет мава против ОНЕ. Со тоа играта е повеќе од досадна и глупава. Никој ништо не освојува, послабите земји се окупирани од ТЕДЕН и 5те земји од ОНЕ. Тешка Мизерија. Ако продолжи вака за 1 год никој нема да ја игра оваа игра.
За тоа имам неколку предлози коишто вреди да се разгледаат од страна на лицата со високи раководни позиции во земјите од ОНЕ.
1 Предлог
Зголемување на сојузот ОНЕ
Ова мерка ќе се спроведе со вклучување на други земји во сојузот ОНЕ
а) Аргентина, Турција и Украина
б) Русија, Бугарија
ц) Други земји

2 Предлог
Поголема организираност, координација и помагање на земјите на ОНЕ. Тоа ќе се постигне со поголема ангажираност по чат каналите и организирано пукање во најприоритетната битка на сојузот

3 Предлог
Враќање на пријателства со поранешни членки проОНЕ, како и враќање на Индонезија во сојузот ОНЕ.

4 Зголемување на пријателствата НПП
со земји од цел свет на коишто ќе и помогнеме да се ослободат, такви има многу земји во светот, како Јужна Африка, УАЕ, Данска, Норвешка, Нов Зеланд, Јапонија, Тајван, Австрија, Кипар и.т.н.

5. Привлекување на Бугарија на наша страна. Што е можно повеќе да се искористи Турско-Бугарскиот спор така што една од овие земји под итно да се прими во ОНЕ.

Слободно пишете ги вашите коментари и размислувања и посочете ја статијава до највисоките лица од вашата земја од сојузот ОНЕ.

ОНЕ НА РАБОТА НА ТРУД
HAIL ONE