Да си светски шампион , за некој тоа е ништо !!!

Day 1,555, 11:11 Published in North Macedonia Poland by Kristijan Pluznikov



Најпрвин сакам да ги поздравам сите навивачи на најдобриот тим во историјата , Барселона . Овој артикал го пишувам како контра реплика на еден мој пријател кој е страствен навивач на тој клубот од мадрид . Па да не должам многу ке започнам со следново :


На ден 13-05-2009 Барселона го освои Кралскиот Куп (Copa del rey) тоа беше финале коешто каталонците го добија убедливо со 4-1 , финале во кое Барселона беше неколку класи подобар противник од Атлетик Билбао , финале во кое Барса ја покажа својата уникатна игра и виртуозноста на овие шампиони ... Меѓутоа тоа за навивачите на клубот од мадрид беше: " голема работа го освоиле купот "...



Година 2009 ( исто како и 2010 и 2011 ) Барселона станува шампион во Шпанија (La Liga) година во која Барселона доаѓа до титулата со 2 бода предност и притоа победувајки го Реал и дома и на гости ... Меѓутоа тоа за навивачите на клубот од мадрид беше: " голема работа ја освоиле лигата "...



Следува 27-05-2009 година финалето од лигата на шампионите во кое Барселона го надигрува во сите погледи минатогодишниот (2008 да не дојде до забуна ) победник на ова натпреварување Манчестер со 2-0 ... Меѓутоа тоа за навивачите на клубот од мадрид беше: " голема работа ја освоиле лигата на шампионите"...


Помина и тоа дојде на ред шпанскиот супер куп со 5-1 вкупен резултат Барселона го демолира Атлетик Билбао ... Меѓутоа тоа за навивачите на клубот од мадрид беше: " голема работа го освоиле супер купот "...


Како секој победник во лигата на шампионите така и за Барса следуваше натпревар за европскиот супер куп со победникот од лига европа кадешто Барса го победува Шахтјор и освојува усте еден трофеј ... Меѓутоа тоа за навивачите на клубот од мадрид беше: " голема работа го освоиле супер купот на европа "...


На крајот како секој европски шампион Барса отиде да се бори за светската титула т.е. за титулата светски клубски шампион каде играше финале со Естудијантес и го победи со резултат 2-1 и со тоа Барселона стана светски клубски шампион а воедно и единствениот тим во историјата кој ги освоил сите 6 трофеи во една сезона ...Меѓутоа тоа за навивачите на клубот од мадрид беше: " голема работа го освоиле најлесниот куп "...


И сега на крајот стигаме до поентата на мојата статија .... Барса освои све што можеше да се освои во една сезона ,меѓутоа тоа за навивачите на клубот од мадрид беше: " голема работа "... Само како за потсетување кога Реал го освои купот лани против Барса тоа беше славење до утринските часови имаше журка со денови цели 2 месеци се збореше за тоа ... И ја тука се запрашав па чекај бе овој купов на Реал мене ми изглеа како појака титула од сите 6 на Барса или ја сум грешка .... Така да драги мои навивачи на Реал едно нешто ке ви кажам БИДЕТЕ ГОЛЕМИ И ВО ПОРАЗОТ И ВО ПОБЕДИТЕ фудбалот е таков и ке победувате и ке губите не ви е никој крив на вас ни судиите ни тренерите ни копачките ни повредите ... Криви се овие момци на Барса кои се најдобриот тим во историјата на фудбалот ...



П.С. Знам дека ке има многу тролање во стилот сега реал бега 10 бода и слично но не се секирајте многу бргу ке пишам статија и за тоа , и секако на крај останете ми со 100-ка здравје .