ЗОШТО СОКРАТ БИЛ МУДАР?

Day 1,555, 06:01 Published in North Macedonia Chile by Ivankot


Во Стара Грција, Сократ важел за човек кој го цени знаењето. Еден ден
познаник му пришол и му рекол: „Знаеш ли што слушнав за твојот пријател?“

„Чекај малку“, му одговорил Сократ: „Пред да ми кажеш било што, сакам да ти
направам мал тест.


Се вика тест со троен критериум.“


„Троен критериум?“, запрашал познаникот.


„Токму така“, продолжил Сократ: „пред да почнеш да ми кажуваш било што за
мојот пријател, би можел за момент да размислиш дали тоа задоволува
одредени критериуми.“ Првиот критериум е „вистина“. „Дали си потполно
сигурен дека тоа што сакаш да ми го кажеш е вистина?“


„Не“, одговорил познаникот, „само што слушнав и...“


„Добро“, рекол Сократ: „значи, не си потполно сигурен дали е тоа вистина
или не. Да видиме сега следниот критериум „добро“. Дали тоа што сакаш да ми
го кажеш е нешто добро?“


„Не, напротив...“


„Значи“, продолжил Сократ: „сакаш да ми кажеш нешто лошо за него, а не си
сигурен дали е точно. Се уште можеш да поминеш на тестот, затоа што има
уште еден критериум – „корист“. Дали тоа што сакаш да ми го кажеш за мојот
пријател, ќе ми биде корисно?“


„Не, не баш.“


„Па“, повторно рекол Сократ: „Ако тоа што сакаш да ми го кажеш можеби не е
вистина, за мојот пријател не е добро, а за мене не е корисно, зошто
воопшто би ми кажал такво нешто?“


Ете зошто Сократ бил голем мислител и ценета личност во Стара Грција.


Ова исто така објаснува зошто никогаш не дознал дека пријателот спие со
жена му.