ОБЕДИНУВАЊЕ

Day 1,547, 09:49 Published in North Macedonia North Macedonia by lavcan

Како резултат на претходната статија, 450 votes, решив да продолжам со мојата идеја. Стапив во контакт со повеќе луѓе од различни земји. Искрено не пронајдов топла вода, идејата беше разгледувана и дечките веќе имаа започнато да ја реализираат!

http://www.erepublik.com/en/article/s-f-r-j-ujedinjenje-1967731/1/20
прочитајте подетално

Значи: Се формира здружение од другари и другарки 😃 со матична земја Индонезија, чија што главна цел ќе биде забава. Добредојден е секој играч кој сака да се дружи, забавува и шири нови познанства.

Правила: Може да се приклучи секој играч, препорачливо е преселба во Индонезија, зачленување во Воената единица и потоа можи секој да се врати кај сака. Ќе има организирано удирање, делење тенкови, пари за карти и така натаму.
Се забранува било какво мешање на реален живот, провоцирање и расправање на официјален канал

Цел : Одбрана на територијата на секоја Екс Ју република. Без разлика од каде се нападнати и дали се членки на ЕДЕН или на ОНЕ. Оваа паравоена единица се оградува од секаков меѓусебен конфликт на некои од шесте републики. Во вакви случаи, нема заземање страна. Just let it be.

Задача : Да покажиме на светот дека сепак знаеме да се забавуваме и дружиме. Доста е со меѓусебни кавги, препукувања и провокации. Главна цел на играта е дружбата. Дојдете на #SFRJ и ајде заедно да испишиме нови страници. И јас сум нов во ова, незнам до каде можиме да стигниме, но тука гледам еден добар момент за убивање на монотонијата во играва.

Добредојден е секој, тука можете да си одберете аватар!
https://docs.google.com/spreadsheet/ccc?key=0AuFeMOwebKnPdHNUWHNtaDVPQnVnNG9XVHFNM0xLbFE#gid=0

Напомена: Оваа статија ја пишам како одговор на прашањата од претходната. Многу луѓе ме прашуваат до каде е работата и што се случува. Сфатете ја како информативна. Никој со сила несакам да натерам да се приклучи на паравоената единица, ниту идеја ми е некаков раскол или слично. Единствено што сакам е да останам во играва и на секаков можен начин се трудам во тоа. Од секакви коментари за предавник се оградувам уште одсега, ниту си имам комплекси, а ниту планирам во играва да ги лечам туѓи. Ова е игра и секој може да ја игра како што сака.

Ве сака Лавчан!