ЈУГОСЛАВИЈА!!!!!ПОД ИТНО

Day 1,543, 11:42 Published in North Macedonia North Macedonia by lavcan

Долго време ме нема да пишам статија, долго време ме нема да седам на играва повеќе од 3 минути, непамтам кога сум посетил последен пат канал освен мојот омилен (#visionmkd), бла бла...
Ако мислите ќе се откажам од играва, ГРЕШИТЕ, неможам без пријателите кои тука ги стекнав, неможам без кафаните о неможам без глупостите Чаоски. Ќе играм се додека последниот играч што носи Chaos аватар не се откажи, ако не за мене, бар за сите ратни другари 😃 , сакам да кажам!!!

Се ова подолу е мое мислење, премногу долго сум во играва и сум видел баш се (уствари не се, последно она што сакам да го видам е напишано подолу)...

Преку Стојче (читај Тасета) ми се дедовците во ONE. Подолги стажови имаат и од другарот Тито, ги бранев едно време, ама сфатив дека тоа беше моја грешка и навреме се откажав од лидерството во ONE. Исти та исти не туркаат постојано во провалија и никој ништо не презема. Сфатив, заеби ONE, потребен е друг сојуз, НАЈИТНО.!.

Е сега, кога ќе размислам кој се најјаки земји и кој се најголеми мастер-плаќачи ќе видам логика во се ова. Европа не растури, светот не распарчи, а го шлакавме како сакаме. Недолжам многу, почнувам да се залагам кон најтешката работа на светот, враќање на стариот сјај на една земја која веќе не постои. Многу луѓе плачат по неа до денес, па предлагам, физички никогаш неможиме да ја вратиме, ама имагинарно, оти да не? Да да, враќање на ЈУГА.
Србија, Хрватска и Македонија, заедно со помалите (во играва) сестри, време е ДЕЧКИ! Дајте бар тука да покажиме кој бевме и од што се плашеше светот. Леле ова колку е тешко, знам и јас... Србија и Хрватска заедно???? Нема шанса, али вреди да се проба, тоа ќе не врати сите во играва, оние кои напуштија ќе се вратат, а нови бејби бумови ќе фрчат. Дедо ми ќе почни да игра жими мајка...
За мене ова би било најјакото нешто кое можи да се случи. Рака да пуштиме на ЕДЕН, не ишлакаја како што сакаат, кој им текне го бришат без никаква мака. Честито! Ама ова ќе е нешто друго..
Познавам доста јаки играчи и од Србија и од Хрватска, сигурен сум дека ќе сакаат да ја разгледаме идејата. Ако не успееме, за 2 години можи ќе се откажам од играва, ама бар ќе знам дека сум пробал!
Значи прво сојуз меѓу 6-те републики, па после има место и за други. Ако Србите можат со Хрватите, можеме и ние со Грците (Бугарите кој ги тркала и онака ни пижами нивни не носам), ќе не сакаат Русите вервајте ме, Иран да не правиме муабет, на Полска мислам ова нема да им пречи а Романија ќе размисли...(со пишење размислувам)..

Крајно време е да ставиме крај на монотонијава и да направиме нешто корисно и интересно. Почеток со ваква статија а што ќе следи појма неам. Некои ќе ме осудат, некои ќе прифатат предлогов, не е ни битно, само да има промени!Ова вака веќе не го бива. Ги викавме браќа и сестри сите, ама искрено, поблизок за нас од жител на некогашна Југославија нема! Растуравме во фудбал, кошарка, ватерполо, пикадо... 😃, оти да не растураме и на играва???

Да живее новата земја на Ерепублик, да живее ЕЈугославија!!!!Ајде сите заедно да помогнеме и да ја оформиме!!!!

http://thumbs.dreamstime.com/thumblarge_376/1237367013Cr24IQ.jpg

Напомена!!! Не сум ју носталгичар и комунист, само сакам да останам во игра. Ова е една моја идеја, а Вие осудете дали држи вода муабетов или сум ебиветер.

Кој мисли како мене, ајде да ми помогните да ги смириме браќава и да растуриме... 6 браќа неможиш да натепаш, ама еден по еден можиш да ги ќофташ како сакаш!
Ве сака Лавчан!
http://www.youtube.com/watch?v=Lo8LeK7UDbo