[Амбасадор - еИран] Краток извештај

Day 1,541, 04:46 Published in North Macedonia North Macedonia by Tashev


Пред некое време бев назначен за амбасадор во еИран. Како што веќе сите знаете, Иран подолго време е под турска окупација. До сега пробуваа да се ослободат преку востанија, но сепак залудно. Мое мислење е дека сета оваа ситуација во Иран е резултат на лошата дипломатија и лошата координираност во сојузот.

Мало објаснување за поновите играчи – еИран во минатото беше наш сојузник, многупати имаме преговарано со нив за давање на региони и заемна соработка (ова беше во ерата кога ги држевме јужниве, Египет, и Саудиска Арабија). Но и многупати ни имаат забодувано нож во грб па и во еден момент бевме на работ на војна. Не е мое да обвинувам сепак тоа е нивна политика и нивна дипломатија. Денес односите со Иран се многу подобри, а како резултат на тоа тие се и полноправна членка во ONE сојузот.

Претседателскиот кабинет за овој месец:

Претседател: Lord of Alamut
Заменик претседател: nabeghe
Владин советник: master generals
Министер за одбрана: ali-mzzm
Министер за надворешни работи😘****
Министер за економија: jimpro

Како што и самите можете да видите, иранската влада сеуште нема назначено Министер за надворешни работи. Во случај да назначи, ќе биде реобјавена оваа статија. Во следниот артикал, ќе пробам да стапам во контакт со некој од официјалните лица на еИран и да направам интервју, да видеме до каде се нивните планови, дали имаат излез од оваа ситуација во која што се, да ја зголемеме заедничката соработка меѓунас и сл. До сега му пишав на претседателот, но ништо нема одговорено. Многупати имам присуствувано на нивните ИРЦ канали, но во поголемиот период од денот тие се празни. Така да малце е тешко да контактираш со официјалните лица. До следното видување...




Hail Macedonia!
Hail Iran!
Hail ONE!


Амбасадор во еИран,
Ташев