Откриена четврта планета со потенцијални услови за живот.

Day 1,539, 01:48 Published in North Macedonia Brazil by DeLuX.Keyboard

Астрономи тврдат дека ја откриле четвртата планета надвор од нашиот Сончев систем на која има потенцијални услови за живот.


Утврдено е дека температурите на оваа планета се благопријатни за постоење на вода и живот. Новооткриената планета се наоѓа на околу 22 светлосни години од Земјата, пренесува агенцијата Франс прес.

Тим научници ги анализирал податоците од Европската јужна опсерваторија за ѕвездата позната како ГЈ 667Ц. Таа емитира помалку топлина од нашето Сонце, но околу неа постојат најмалку три планети. Едната од нив се наоѓа доволно близу, за да прима количество светлина и енергија слично како Земјата.

Најверојатно температурата на неа е слична на земната и е возможно да има вода.

КОПИРАНО ОД КАЈГАНА.