Марфиеви закони на компјутерите

Day 1,537, 02:51 Published in North Macedonia China by ajdarovisback


Марфиеви закони на компјутерите!

1.Експерт е личност која е донесена во последен миг, за да се сподели вината.

2.Компјутерите ви помагаат да си го потрошите вашето време ефикасно.

3.Бројот на грешки секогаш го надминува бројот на линии код на програмата.

4.Програма што компајлира од прва има грешка во алгоритамот.

5."Прилично добро" не постои...Освен ако имате краен рок.

6.Ако не е скршено, оверклокирај го !

7.Секогаш добивате е-маил од веб страна која што не сте ја посетиле.

8.Програмата ќе работи како што треба само кога тебе не ти е гајле за тоа.

9.Единствената програма што работи перфектно секој пат е вирусот.

10.Една програма е добра само ако нема грешки, што не е возожно.

11.Секогаш кога ќе имате потреба од важен документ од серверот, мрежата нема да работи.

12.По аксиома се знае дека секој потребен резервен дел од компјутерот или престанал да се произведува или го нема на залиха.

13.Дисковите се секогаш полни.Безполезно е да купувате дополнителен диск, податоците се прошируваат за да ја исполнат сета празнина која што постои.

14.Без разлика колку напорно работиш, твојот шеф ќе се појави во моментот кога сурфаш по интернет.

15.Што повеќе време е потребно за да симнете некоја програма, толку е поверојатно дека таа нема да работи.

16.Бројот на проблеми што можат да се појават е обратно пропорционален од преостанатото време до крајниот рок.

17.Без разлика каква добра зделка сте направиле за новиот компјутер, цената секогаш ќе падне веднаш по купувањето на истиот.

18.Вториот закон на Филингтон: Јаките програмери не ставаат коментари во кодот.Ако било тешко да се напише, тогаш треба да биде и тешко да се разбере.

19."Patch" е софтвер кој ги заменува старите грешки со нови.

20.Софтверските грешки можат да бидат детектирани само од крајниот корисник.

21.Било која интересна апликација бара повеќе меморија одколку што вие имате.Кога конечно ќе купите дополнтелна меморија, ќе немате доволно место на дискот за апликацијата.

22.Грешките кои не можат да се откријат се бесконечно многу, за разлика од грешките кои можат да се откријат, кои по дефиниција можат да се избројат.

23.Хардверска грешка ќе биде причината поради некој софтвер ќе падне, за што ќе биде обвинет програмерот.

24.Било која дадена програма ќе се прошири за да ја зафати целата слободна меморија.

25.Ако програмата е безполезна, тогаш тоа ќе мора да се документира.

26.Ако програмата е корисна, тогаш таа ќе мора да се промени.


Марфи бил оптимист


Shout!! да прочита цела еМакедонија!



искрено ваш,
ajdarovisback