Неписмен Конгрес = Слаба Држава

Day 1,533, 01:41 Published in North Macedonia North Macedonia by WaRlOR
Денес случајно ги разгледував законите што ги имаме поднесено и налетав на ова па не можам да издржам а да не прашам: Па добро бе луѓе вие имате ли мозок???

Трезорот ни е полн со пари, пари што не може да се повлечат поради дневниот лимит од 99999 МКД и вие наместо да ги одржувате даноците на минимално ниво, вие безпотребно ги покачувате. Вашите постапки ме терат да помислам дека сте во некој таен сојуз со нашите противници или пак со Плато. Со новите измени платите дефинитивно ќе се намалат, а цените на тенковите ќе растат. Очигледно некој во конгресот сака послабите, односно посиромашните играчи во играва кои просперираат исклучиво од плата и минимално производство да згаснат.

Би сакал да ги замолам господата конгресмени да не ги трошат законите на глупости како ова и ова и да ги чуват за донации ако не за друго...