Македонските ракометари и навивачи најдобри на првенството

Day 1,528, 07:43 Published in North Macedonia North Macedonia by milevski

Македонската Ракометна Репрезентација вчера успеа да го победи и домаќинот на Европското Првенство, репрезентацијата на Србија. Со ова се потврди фактот дека најголемото и најпријатното изненадување на првенството се токму ракометарите на нашата Македонска ракометна селекција. Ова не го кажувам само јас туку и сите релеванти и стручни лица во областа на спортот поточно ракометот, без разлика дали тие се од Србија, Хрватска, Данска, Шведска или Германија.

Македонските ракометари ги освоија срцата не само на Македонците од целиот свет, туку и на сите други навивачи, љубители и познавачи на ракометот од сите земји учеснички на ова Европско Првенство.
А зошто тоа е така, која е причината?
Затоа што прикажаа феноменална, одлична игра во сите натпревари од првенството. Ниту во еден натпревар не се предадоа, нашите лавови. Дадоа максимум од своите можности, играа на високо ниво даваа 110% од своите можности и сили на секој натпревар. Не подклекнаа ни против светските и европските прваци како што беа Швеѓаните, Данците, Германците и Србите.
Покажаа храброст и сила. Покажаа како се игра со срце и љубов за Македонија. Покажаа како се бранат боите на Македонија.
Покажаа сложност, тимска игра и најголем натпреварувачки дух на првенството.
Имаа и сеуште имаат со себе најдобри и најкорисни навивачи. Навивачи какви што секоја репрезентација може да ни љубомори и позавиди за нив. Европа и европскиот ракомет нема видено ниту пак чуено досега за ваков вид на навивање и бодрење на својата репрезентација, какво што го прикажаа македонските навивачи на ова првенство.
Имаме феноменален тим. Го имаме најголемиот стрелец на првенството неверојатниот Кире Лазаров. Ги имаме најголемите бореци во нашите редови како Миркуловски и Мојсовски и сите други македонски ракометари. Имаме неверојатна одбрана којашто успеа сите противници да ги скроти. Имаме добри голмани со одличен процент на одбрани. Имаме страшен тим, искуство и младост, борбеност и фанатичност, љубов и слога.
Имаме се за големи успеси, за големи победи за Македонија.
А што немавме?
Немавме купени судии што ќе судат за нас. Видовме многу јасно како многупати судиите судеа против нас, исклучуваа играчи без врска, досудуваа пенали против нас, ни поништуваа голови. Судењето беше под знак прашалник кога игравме против Германија, Данска и Шведска.
Ниту пак раководството на шампионатот и на европскиот ракомет беше од нашата страна. Очигледно беше дека навиваа за Германија за да не победи во групите.
Немавме поткупени натпревари или местенки за кладилниците.
Ваков беше педерскиот натпревар што го изиграа Шведска и Данска, во кој Шведска изгуби со огромана разлика (за прв пат губи вака од сите натпревари) само за да и пушти на Данска да игра во полуфиналето.
Знам дека многу од вас, се излажани дека Србија ни го пуштила натпреварот со Македонија. Но тоа не е апсолутно точно. Овој натпревар беше неизвесен до самиот крај, разликата беше на 1 до 2 гола разлика, поточно беше израмнето цело време. Србите сакаа да не победат но не можеа. Ние ги победивме чесно и со храбра игра на нашите ракометари. Доколку нашите не изиграа на ниво ќе бевме прегазени, но бидејќи игравме со сите сили ние ги прегазивме Србите. Ова е победа што долго ќе се памти.
Немавме среќа. Ова се однесуваше на натпреварот со Данска, кој иако ја имавме победата во нашите раце ја испуштивме во последните секунди од натпреварот. Тоа беше најболниот пораз во македонскиот спорт. Токму за тој натпревар не се пласиравме во полуфиналето во битката за медалите.
Но Македонија е силна. Македонија е храбра. Македонските ракометари и после тој пораз успеаја да врзат две последователни победи против Полска и Србија а очекуваме утре и против Словенија.
Македонскските ракометари и навивачи според мене а верувам дека и вие ќе се сложите со мене е најдобрата ракометна селекција на Европското Првенство во Србија 2012.
Македонија многу доби со ова Европско Првенство исто како и нашите кошаркари така и ракометарите го потврдуваат успехот. Македонија е во 6те најсилни селекции на првенството. Македонија доби почит и углед во Европскиот Ракомет и од страна на сите земји на Европа. Преку спортот тие дознаа за Македонија и за Македонците.
Македонија има добар народ, одлични спортисти (ракометари), најдобри навивачи. Македонија ја чека добра иднина.
Македонија има со што да се гордее. Македонија има квалитет, сила, храброст, мудрост.
Да навиваме сите сложно браќа Македонци и утре во натпреварот за 5тото место, кое не води во баражот за Олимпијадата, со Словенија во 15:15часот.
За нова победа за Македонија.
Да живее Македонија.


Vote+Sub
+Share