Комбинаторики за ПОЛУФИНАЛЕ!

Day 1,525, 09:21 Published in North Macedonia North Macedonia by Bluboy otra

Врти-сучи, морат да паднe и Србија. Останатото ќе треба некој друг да ни го подари.


Прва комбинаторика


Второ коло

Македонија - Полска 1 (со разлика поголема од таа што Полска ќе ја победи Германија)

Данска - Германија 1

Србија - Шведска 1



Трето коло

Македонија - Србија 1

Шведска - Данска 1

Полска - Германија 1 (со помала разлика од тоа што ние ќе ја победиме Полска )



При вакво сценарио ние ќе бидеме втори и ќе обезбедиме пласман во полуфиналето.



Табела:

1. Србија 7

2. Македонија 5

3. Германија 5

4. Полска 5

5. Данска 4

6. Шведска 4



Од друга страна, Србија со победа против Шведска ќе си има обезбедено прво место на табелата може да „не се замара“ со нас. Полјаците ќе играат за себе и ќе се запнат против Германија бидејќи ако победат со поголема разлика отколку што изгубиле од нас, ќе нѐ потиснат и нас и Германците и ќе одат понатаму. Т’нко малце Германците да ги загубат двете последни од Данска и од Полска. Данска и Шведска ќе треба да одиграат во наш прилог. Повеќе е веројатно Швеѓаните да им дадат една „евровизиска“ на Данците кога веќе ќе се знае резултатот од првиот натпревар меѓу Полска и Германија.

Данска ако ги победи двете со 6 ќе отиде на второ место. Шведска ако ја победи Србија, Србите ќе бркаат полуфинале против нас. Ако пак Шведска и Данска ги победат „обратните“ мечеви, Германија ќе избега со 7 поени и се сведуваме на втората варијанта.


Втора комбинаторика



Второ коло

Македонија - Полска 1

Данска - Германија 2

Србија - Шведска 2



Трето коло

Македонија - Србија 1

Шведска - Данска 2

Полска - Германија 2 *



Табела:

1. Германија 9

2. Македонија 5

3. Србија 5

4. Шведска 4

5. Данска 4

6. Полска 3


*На Македонија и одговара и нерешен резултат меѓу Германија и Полска.


Германија ќе си ги победи двете играјќи за себе и ќе излезе прва (со што би имала „послаб“ противник во полуфиналето). Србите не се толку силни и можат да загубат од Шведска. Единствено Данска ќе мора да одигра за нас и да победи со никакви шанси за понатаму (независно од тоа дали Србија или ние ќе победиме во последниот натпревар).


Трета комбинаторика



Второ коло

Македонија - Полска 1

Данска - Германија 1

Србија - Шведска 2



Трето коло

Македонија - Србија 1

Шведска - Данска 1

Полска - Германија 1



Табела:

1. Шведска 6

2. Македонија 5

3. Србија 5

4. Германија 5

5. Полска 5

6. Данска 4


*При нерешен резултат на Шведска и Данска, сите шест селекции ќе имаат по пет бода (речиси неверојатно сценарио)


Тука Шведска ќе си одигра за себе за прво место на табелата, а останатото треба да нѝ се намести.