Планот за Македонија

Day 1,518, 11:58 Published in North Macedonia North Macedonia by milevski

Дечки запнете уште малку и ќе се ослободиме.
Вчера имавме огромни шанси да го направиме тоа, а денеска имаме уште поголеми.
Грците се истрошени, мавајте со сите сили денес и ќе се ослободиме.
Потоа сакам да предложам еден план, не дека е некој голем план, лесен е мал и едноставен а практичен.
Гледам има луѓе што се удараат од глава за одмазда и т.н. да и се одмаздиме на Турција за ова што ни го направи.
Но јас не се согласувам со тоа.
Моментално како што стојат работите 3 големи балкански земји се во сојуз: Грција, Турција и Бугарија. Затоа и ги губиме битките.
Не можеме со глава во ѕид. Треба да бидеме мудри, тактички добри дипломати.
Затоа мојот мал план вклучува:
1. Да се ослободиме
2. Да потпишеме договори со Грција и Бугарија за меѓусебно ненапаѓање.
3. Да ја заземеме Албанија
Со заземањето на Албанија ние ќе имаме 6 ресусрси.
Што е одлично за наши услови.
Потоа ја напагаме Италија и ни лук јал ни лук мирисал.

Едноставно јас така најдобро мислам дека ќе биде за Македонија во склоп на овие околности, кога сме оставени сами против сите балкански земји.


Ако ви се допага статијата ставете суб
Поздрав и да ја ослободиме Македонија и повторно да стане светска сила.
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА