Водич низ е-репаблик за автостопери...

Day 1,518, 09:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Статија не сум напишал можеби 3-4 месеци, а и пред тоа нешто не бев премногу активен. Откако ги избришаа неактивните и банираните, од 2000 суба слегов на 1400 и си реков - кој го е*е.
Арно ама, секојдневно гледам неразумни чекори, па решив малку да се посветам и на тоа. Тој што ќе има живци да прочита, во перспектива ќе биде значително подобар играч, и дефинитивно покорисен за македонското општество.

Воени совети
Сите знаат дека доколку времето од реалниот живот дозволува, не би требало да се пука во војна во која ѕидот е над 52%. Но многумина пукаат:
а. за да исполнат дневна мисија
б. затоа што не сакаат здравјето да стои на максимум, затоа што првичниот резон е дека тоа е исто како загубено здравје.
Сега вака: за оние под а. Можеби не сте забележале, но дури и ако се смени мисијата, бројот на убиства останува. Затоа не брзајте. Мисијата треба да ја завршите до 9 сатот наутро, следниот ден. За оние под б. има две работи кои треба да ги разјаснат: прво кога повторно ќе може да седнат пред компјутер, и второ колку да испукаат во моментот кога се на максимум.
Значи, фактите велат дека бројачот ќе врти и кога има да се надополни само 2 здравје, и кога треба да се надополни целото. Ова значи дека можат да пукнат само еднаш (не едно убиство, туку еден клик на Fight) нивното сдравје ќе се намали за 10. Ќе одите на основната страна (куќичката), и потоа јадете (Eat). Ќе надополните 10 здравје, а бројачот ќе почне да брои. После 59 минути, ако почнете да пукате, ќе имате +90 здравје за користење. Ако не треба ни тогаш да се пиука, во 59 минута испукајте точно 100 здравје (десет пати). Таа постапка оди доколку сте слободни да прегледувате е-реп секои саат време. Ако не сте, наместо 100 испукајте толку здравје колку време што ќе сте отсустни (во часови), помножено со 100. На пример, ако сте отсутни 3 часа, испукајте 300 здравје.

Економски совети
Економскиот модул е многу специфично скроен. Речиси е невозможно да заштедите за Q5 или Q6 фабрика (која има надградба само во одредено време), без притоа да купите злато (или со тешко мултијање). Но пристојна економија со која може да се обезбеди живуркање е да имате своја фабрикa (барем Q2) за храна и остатокот треба да го насочите кон создавање сурови материјали кои ќе ги продавате. Cattle farm и Saltpeter во моментов се најисплатливи градби за raw материјали. Уште еден совет. Доколку вашите складови дозволуваат, одете со цена 0.01 над моменталната, затоа што во текот на ноќта обично за толку се подига цената (нема производство, а има потрошувачка). Доколку е складот полн и не можете ни да работите ни да купувате, продајте го веднаш со цена 0.01 помалку од другите.

Херои
Да се освои медал на битка или кампања е тежок предизвик, но со новиот модул со кој може да се штедат базуки и бомбони (Energy bar) може да се дојде до тоа. Сепак, внимателно изберете ја битката. Овие медали „се бркаат“ во стабилно време. Речиси е невозможно да се земе медал во клучни битки, а иронијата е дека токму во тие битки вашето влијание е најпотребно! Како да се настапи?
Прво, имајте смисла за реалноста. Ако гледате дека првите 5 луѓе имаат сите по неколку милиони штета, а вие имате 15 базуки, заштедете ги, бидејќи вашиот учинок ретко кога може да биде одлучувачки (се пука при ѕид многу блиску до 50%, на пример 49.96😵. Одлуките се на големите риби. Дури и да направите половина милион влијание, во некои битки тоа нема да е ниту 0.001%. Затоа во тие случаи строго со следење на ситуацијата или подобро, влезете на армиски канал за наредби.
Второ, „најавете се“ и разговарајте. Искористете го своето здравје во првата минута од некоја битка, но не одете со „бомбоните“ (или најмногу 3-4 бомбони). Разгледајте дали имате конкуренти и пишете им порака за договор околу тоа кој ќе оди на медал. Ако не одговараат, немам некој конкретен совет. Ако одговорат, договорете се... Има битки и после и утре, а вашето влијание утре ќе е поголемо за една бомноба и за нешто сила... Бидете искрени, не лажете дека имате којзнае колку базуки или бомбони - верувајте ми подобро е за Вас.

Се најдобро... Можеби повторно некогаш ќе напишам статија