Како го прават тоа Македонците!

Day 1,517, 00:36 Published in North Macedonia North Macedonia by GunnerMkd

Поздрав драги читатели
Денеска е посебен ден за нашата еРепублика затоа што конечно ќе направиме една по организирана акција за ослободување на Западна Македонија а со тоа и враќање на еМакедонија на мапата
Сето тоа ќе биде сторено и со голема подршка од ОНЕ сојузот ,бидејќи како што видовме веќе неколку пати имавме неуспешни обиди за ослободување пред се поради тоа што Грците имаат голема подршка од нивниот еден сојуз
Подетално околу востанието тука

Друга причина што го прави денов екстра е настан од РЖ
Конечно долго очекуваниот настап на нашите ракометари на ЕП во Србија стартува вечерва во 19:30
Најновата вест кажува дека сепак нема да има ограничување околу големината на знамињата кои може да бидат внесени во салата ,така да вечерва очекуваме трибините во салата во Ниш да бидат прекриени со огромното знаме 😃

Тие што не успеавме да отидеме за Ниш остануваме дома пред телевизорите и програмата на Сител ТВ

А кога сме веќе кај Сител ТВ ,сакам да ви соопштам една прекрасна вест ,вест поради која и ја пишувам оваа статија

Вчера во дневникот во 19:00 часот еден од нашите еМакедонци добро познатиот играч Сарметина
Направи еден од најважните потези во животот на секој маж ,и тоа го стори на еден феноменален ,несекојдневен и оригинален начин

Нема да продолжам со пишување што и како се случило ,ќе оставам да го изгледате видеото и да дознаете

Клик тука


Некои од вас може знаат ,можеби веќе претпоставуваат
Јас само сакам да им пожелам многу среќа и радосни моменти

Сметам дека ова сјајна вест и заслужува да се најде во нашиот медиумски простор овде во играта ,пред се заради тоа што е поврзана со наш играч кој што пријатно ми го разубави денешниот ден 😃

Претпоставувам многу од вас ќе сакаат да му честитат преку порака ,но советувам дека подобро би било да го сторите тоа со коментар на статијава ,за да не му експлодира поштенското сандаче
А и по прегледни би биле коментарите тука 😃

Во продолжение уште едно видео кое ги спојува вестиве од статијава во едно ,па нека види светот како го прават тоа Македонците 😃

Клик тука


Поздрав и се најубаво со надеж дека ќе извојуваме две важни победи денес 🙂

Shout!
Како го прават тоа Македонците!
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1946204/1/20