Како понатаму?

Day 1,516, 09:06 Published in North Macedonia North Macedonia by Revolucioner903

Се почесто се изнесуваат разни анализи за што понатаму. И додека сите овие анализи се однесуваат на бојното поле, јас вниманието ќе го свртам на една многу поголема битка, а тоа е битката со админите.

Незнам за вас али јас сум крајно иритиран на тоа што админите го подржуваат навредувањето на национална основа врз нас Македонците. Ниту еден единствен навредлив коментар или статија не беше избришаин и покрај многубројните репортирања како и испраќање на тикети од наша страна, баш напротив дури и самите модератори почнаа да се подбиваат со нас со нивните одговори од типот на "фразите како фиромјани не се сметаат за флејминг"

Повеќе од јасно е дека апсолутно ништо не постигнуваме со репортирање и со праќање на тикети, ако сакаме нешто да направиме мораме да удриме по единственото нешто за кое админите се грижат, а тоа е нивниот џеб.


Ако ја погледнете ситуацијата наоколу, ќе заклучите дека поповолен момент за започнување на ваков чекор немало до сега. До сега, од идејата за бојкот не спречуваше губењето на тешко освоените територии и секако ослободувањето на грците, но што би не спречило сега?

Размислете малку, во моментов балансот на силите е значително нарушен, доколку Македонија стапи во бојкот сега, балансот уште повеќе би се нарушил, со што тенкањето би станало залудно и нелогично. Нерамномерен баланс значи помалку тенкање, односно помалку профит за Плато!


Ако нешто свативме до сега, тоа е дека Плато единствено се грижи за својот профит, па ако заради истиот тој профит до сега се толерираа рацизмот и флејмингот, ако му го условиме профитот со отфрлање на рацизмот и флејмингот од играва, ќе биде приморан да прифати.


Доколку случајно не сте го приметиле рацисмот и флејмингот во играва, следнава слика од мојата претходна статија поврзана со флејмингот и рацизмот кажува се:






Деновиве изминува точно една година од легендарниот бунт на играчите против админите. Јас мислам дека е крајно време за нов бунт, а вие?