Македонија со еден регион, Србија - Хрватска !

Day 1,513, 01:36 Published in North Macedonia Serbia by Mack01


Здраво !

Денес ке ја пишувам мојата прва статија од областа на воени новости, ако имам грешка не ми замерувајте !


Македонија со еден регион !

Македонија до пред еден месец имаше ресурси 8/10, но сега имаме само еден регион Повардарие и сме со 1 ресурс. Производството се намали, исто така пад на цените во џоб маркетот. Пред една недела 3 земји членки на ЕДЕН - Грција, Турција и Кипар и ставија НЕ на Македонија. Оттогаш наваму секој ден имавме 5-6 востанија на ден, и каде и да отидеш сегде губевме. Македонија не се предаваше на Турците така толку лесно да им земеше региони, тешки неизвесни битки се водеа до крајни минути. Правевме напори и сили да се извлечеме од таквата позиција останавме само на еден регион Ал Бахах, кои со новиот претседател им го отспативме на Саудиска Арабија за да ние не останеме на еден регион и да имаме 3 кај нашите оригинални региони. Нашиот јужен сосед пак не нападна затоа што имаме граница со нив, Турците си земаа што си земаа и Кипарците исто така и останаа Македонско-Грчко борба по што првиот напад на Гејците беше над нашиот Источен регион и ни го завземаа со убедлива победа, потоа нападнаа на Западна Македонија каде што и таму со убедлива победа не поразија и сега сме со еден регион и сме пред окупација. Дигнавме востание и во Источна Македонија, си го одбранија регионот и сега се бориме за нашиот последен регион ПОВАРДИЕ. Битката можете да ја видите тука http://www.erepublik.com/en/military/battlefield/20212 Грците водат со 3-1.



Србија - Хрватска

Самиот наслов кажува дека Хрватите им ги замрзна планот на Србите да станат пак велесила. Можеме да кажеме дека поголемиот дел им припадна на Србите исто така делови има Словенија. Србите имаат 10/10 ресурси и уживаа се додека Хрватска некои региони им ги земаа од Италија, Босна се врати во оригиналните региони, Црна Гора своите оригинални региони кои беа окупирани од страна на Босанците. Србите сега имаат 5/10 ресурси, а Хрватите имаат 7/10 ресурси што им нанесоа проблем на Србите кои сега се на своите оригинални региони и го имаат плус Тирана од Албанија. Хрватите преку Албанскиот брег им пречи на србите за нивните ресурси и послабото производство во фирмите.

Оваа ми беше првата статија од воените новости како што обеќав !

Поздрав и се најдобро !