Отчет за сретствата и отставка на тимот [Министерство за Здравство]

Day 1,512, 10:47 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Zdravstvo

Поздрав еМакедонијо

Како што знаете вчера излеговме со статија во која стоеше дека почнува со работа ова Министерство. Работата на ова Министерство е да помогне на поновите играчи со некое лебче плус.

Делевме по 150 здравје на секој играч, само првите тројца добија нешто повеќе леб нидејќи беа први што се пријавија после 4 месеци бидејќи малце беше заборавено ова Министерство

Ние сите тие средства кој ни беа префрлени ги заведовме во формулар.

формулар бр.1

Во овој формулар се сите влезени средства колку лебови се купени колку пари се потрошени на лебовите, каков квалитет на леб е купено, колку залиха е останато и колку средства се останати од тој ден.

Формулар бр.2

Во вториот формулар можете да ги видите сите оние кој побарале леб и по колку леб им е донирано на сите кој што се пријавиле.



Поради неколку недоразбирања целиот тим на ова Министерство одлучи да поднесе отставка од позицијата.

И самите знаете дека овој тим беше уште во неколку други Министерства во минатите мандати и функцијата си ја извршување солидно (барем така мислиме ние).

Со владата беше договорено да се одвојуваат средства во износ од 10 000МКД секојдневно за новите играчи и на нив да им се помогне со леб поради тоа што тие играчи имаат малку сила и тешко доаѓаат до некое тенкче плус. Од како е превземено Министерството преврлени ни беа вкупно 10 000МКД што на нас ни беше малце непијатно бидејќи кога и да дојдеа нови играчи на нашито канал и побараат некое лебче неможевме да ги услужиме и да им помогнеме.

Вчера одвоивме цел ден за да можат сите пријавени за леб во иститот момент кога се пријавиле да добијат леб и со тоа да им помогнеме и на нив и на еМакедонија но сепак ни беше кажано дека секојдневно немад а се дели леб и нема да има средства за секојдневна поделба. Сепак новите играчи се иднината на еМакедонија. Без нив неможеме да ја одржиме стабилноста и да и помогнеме на еМакедонија. Мораме да мислиме и на овие граѓани затоа се составува Влада. Таа Влада мора да направи буџет кој ќе опфаќа дел и за новите играчи.

Поради тоа што ние ветивме дека ќе има поделба на леб и ќе им помогнеме на послабите играчи, а не сме во можност без средства од владата давама отставка од оваа позиција. Сепак не помагаме на единци туку на нашата ни мила Држава.

Се надеваме дека ова ќе ги разбуди надлежните и ќе ги поправат грешките.

Да не ве замараме веќе доволно беше ова.


Со почит Министрите во заминување 🙂

Министерство за Здравство

Министер: Zlatko Kaskarevski
Заменици Министри: svetecot, Georgioski Igor и Girl from MACEDONIA