Јуни си слави Коледе!

Day 1,508, 18:36 Published in North Macedonia North Macedonia by pesticid
Ако утрото по денот се познава, нашиот ценет претседател не само што го преспа целото утро, туку го преспа денот. Дали тоа значи дека двокликашот толку се навлече на двоклик игра па сеа не може да се присвести, или едноставно онака ради финта се кандидираше да види дали и колкава фаца е на е републиков па не ни очекуваше дека ќе победи и затоа крајно игнорантно и неодговорно се однесува кон изборот на народот.

Ако се земат во предвид двете негови кандидатски статии кои се идентични една со друга и кои се пишувани колку да минат од ред, без сериозни понуди и конкретна стратегија во претстојниот месец, доаѓам до заклучок дека штом ова с***е од статии пројде кај народов, навистина и не заслужуваме ништо подобро.



Јуни на годишен одмор

Иако другите двајца кандидати Strumica United и Seleuk Nikator имаа далеку посериозни програми, а верувам од потребата да се докажат беа многу помотивирани и поагилно ќе си ги извршуваа задачите доколку било кој од нив победеше. Но за жал виртуелната масонерија победи. Освен накитениот тим од познати играчи во статијата немаше ништо друго освен огромна јама-црна дупка!

Жалосен денес беше и фактот што никој од неговиот тим немаше, ниту да преземе одговорност ниту пак евентуално да искритикува. Дали им се покакани гаките затоа што застанаа зад таква неодговорна фигура или едноставно не ни знаеја дека се дел од тимот на победникот? На таа мистерија нека одговорат самите тие.



Јуни на греана ракија покрај коледарски оган

И за крај искрено се надевам дека претседателот ке се собере после прославата на Коледе, и дека нема да си брка годишен одмор. Знаеме дека јануари е месец со најмногу празнични денови, читај неработни денови и дека нашиот ценет лидер нема да се дрзне да си ги отпразнува во ова кризно време за еМакедонија. Тој таков комфор едноставно не смее да си дозволи.

Во споротивно алтернативата е јасна, ценети конгресмени стискајте на копчето за импичмент!!!