Завршно обраќање [Министерство за Информирање]

Day 1,506, 12:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Поздрав еМакедонијо

Знам дека не е ви е дојдено во оваа ситуација во која што се наоѓаме да читате статии сепак јас одвоив време да напишам неколку збора за тоа како работевме и да ви се заблагодарам за подршката што ја имавме од сите граѓани.



Како што знаете ова ни е втор мандат на овој тим со што исто како и во првиот пробавме да ве информираме брзо и навремено за сите новости кој се случуваа на еРепублик. Се потрудивме колку што може да ви пренесеме се што е ново до најмала ситница и најмала измена и се надеваме дека успеавме со нашата намера да стигнат овие информации на време до секој од вас. Исто така бевте известени за сите изборни резултати кој ги имаше во овој месец, а истото се случуваше и во претходниот месец. Заедно со тимот останавме на идејата поврзана со презентирање на кандидатите за сите избори.

Кога сме кај оваа идеја се надевам дека ова ќе остане и кај другите тимови кој ќе го водат ова Министерство.

Почнавме со некој нови статии кој се надеваме дека пријатно ве изненадија. Новостите кој ги најавивме овој месец и ги спроведовме. Воените известувања од еСветот за кој беше задолжен deda_mraz82 © наидоа како добро прифатлива идеја кај граѓаните со што ги проширивме темите кој беа како стандардни за ова Министерство. Новост беше и анкетата со граѓаните на еМакедонија која имаше за цел да им даде шанса на граѓаните да се обратат до владата или до некоја друга иституција преку Државниот весник или весникот на Министерството за Информирање. Вакви анкети направивме вкупно две со тоа што по завршувањето на анкетите резултатите ги објавувавме во статија.

Исто така мораме да се пофалиме на некој начин на солидно спроведен попис во еМакедонија кој беше добар поради тоа што ни даде некоја бројка на активни играчи и од неа можеме да видиме колку е зајакната еМакедонија, со колку сила можеме да располагаме итн. Пописот беше јавен и можеше секој граѓанин да се попише. Резултатите од попиост ни беа објавени во статија која што можеше да ја види целата еМакедонска јавност.

Кога сме кај статиите вкупно за овој месец имаме напишано 33 статии што значи дека секој ден имало барем по една статија. Во продолжение погледнете ги сите статии кој сме ги напишале во овој мандат.

1.Резултати од претседателските избори 5ти Декември
2.Старо ново претставување на тимот
3.Регрутација на нови волонтери во Црвениот крст
4.Востанија
5.Интервјуа со граѓаните на еМакедонија
6.Пријавете се во БАЗУКА ТИМОТ
7.Нови попусти ден 1.480
8.Проширување на тимот
9.Воен Извештај еРеп ден 1475 - 82
10.Анкета со граѓаните на еМакедонија
11.Нова промена ден 1.483
12.ЕДЕН во Директен напад
13.Отчет за сработеното и отворен ден на Министерството
14.Претставување на кандидатите за претстојните избори
15.Новости од ONE
16.Нови мисии ден 1.485
17.Новости од Пацификот
18.Официјални резултати од партиските избори
19.еРепублик сојузи
20.Втора анкета со граѓаните на еМакедонија
21.Втор попис во еМакедонија
22.Нова промена ден 1.490
23.Нова промена ден 1.491
24.Sinai се враќа
25.Претставување на кандидатите за претстојните избори
26.Новогодишни подароци за сите
27.Sinai се враќа
28.Официјални резултати од конгресменските избори
29.Воено Известување ден 1498
30.Изборни резултати (Амбасадорски извештаи)
31.Резултати од вториот попис во еМакедонија
32.Претставување на кандидатите за Претседател на еМакедонијa
33.Соработка помеѓу амбасадорите и министерството за информирање

Ова се сите 33 статии кој беа напишани од овој тим.


Што им оставаме на новите луѓе кој ќе раководат со ова Министерство

Нормално ние како тим функциониравме и за се се договаравме на канал кој беше оформен и е дел од ова Министерство. Каналот #emkd-info кој го оформивме минатиот мандат го оставаме за да може да им послужи за координација и на даругите тимови кој ќе бидат во ова Министерство. Исто така им оставаме склучен договор со Амбасадорскиот тим кој трае вкупно 3 месеци и нормално оставаме весник кој е доста добро познат во јавноста по редовните статии.

За крај да кажеме дека сите заедно бевме максимално посветени на работата околу Министерството и сите заедно го живнавме на некој начин. Трудот се гледа по самите статии кој се напишани. Не ни беше тешко и напорно во ниту еден момент бидејќи знаевме дека работиме за нашата ни мила Македонија и нормално за луѓето кој што се во неа, а тоа сме ние Македонците.

Се надеваме дека не ви бевме премногу досадни и не читавте редовно.
Мојот тим и јас одиме во заслужена пензија на некое време и се надеваме дека во некој следен период повторно ќе бидеме потребни во ова Министерство и ќе бидеме повикани.

Големо благодарам имаме до сите граѓани на еМакедонија кој беа тука да не критикуваат и во позитивна и во негативна смисла и секогаш ни укажуваа на грешките и на добрите работи. Исто така и од вас најмногу очекуваме подршка доколку во некој нареден период повторно го водиме ова Министерство.

За крај

Ако мислите дека сме заслужиле и ако сме имале подршка од сите вас ставете едно Vote и удрете по еден шаут.

Ви благодариме



Министерство за информирање

Министер:Zlatko Kaskarevski
Заменици:Girl from MACEDONIA svetecot
Надворешен соработник: deda_mraz82 ©