Не лути се човече!

Day 1,497, 13:20 Published in North Macedonia North Macedonia by pesticid
Дека сојузот ONE е во криза е очебијно веќе подолго време, но дека нашето однесување е како на дете кое игра не лути се човече во која постојано сака да добива а штом почне да губи се лути, е страшно несериозно од нас како партнери во тој сојуз.



Не велам дека партнерите не грешеле во однос на нас, ниту пак дека ние секогаш сме биле коректни кон нив, но сетете се дали во EDEN некој така се однесуваше додека губеа?Дали плачеја и веднаш трчаа да го напуштат тој сојуз? НЕ! Ја јачаа дисциплината беа сложни и тоа вроди со плод, сега веќе жнеат победи. - Од нив треба да учиме како да се однесуваме кон сојузот. Кога сме се фатиле на орото ќе го играме - не сервилно и не арогантно и не со плукање и омаловажување туку со достоинство.

Единствена работа на која треба да внимаваме е да не влегуваме во плукање ниту на оние кои се на наша страна, ниту пак на оние кои не се. Тркалото се врти па којзнае оние што до вчера ни беа непријатели можеби ќе ни се приклучат, исто како што турците од наши најголеми пријатели преку ноќ ни станаа душмани.
Со исклучок на гејците ,разбира се! На нив не мора да штедите зборови.




И секако, за нас е многу важен фактор Бугарија. Којзнае можеби не во скоро време ама зошто да не во иднина, сојузот со нив не е невозможен. Затоа треба да работиме на взаемна доверба со нив оти тоа е единствен начин да се излезе од ова балканско менгеме во кое во моментов сме приклештени.