Свети Климент Охридски

Day 1,478, 11:09 Published in North Macedonia North Macedonia by Predrag Pavlovic

Денес е 8ми декември голем празник за МАКЕДОНИЈА. Празникот Свети Климент Охридски. Во оваа статија ке написам неколку зборови за насиот светец Климент Охридски во знак на почит кон него и сите кои направиле дела слични на неговите кои се многу важни за нашиот народ и насата дрзава МАКЕДОНИЈА.
Свети Климент Охридски (840 - 916, Охрид) е македонски светец и еден од учениците на светите Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на Св. Методиj бил истеран од Панонија од германците и побарал спас во тогашна Бугарија.
Со дозвола на бугарскиот цар Борис I оди во Охрид, во областа Кутмичевица каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски Универзитет“, од кој како подготвени излегле 3500 ученици. Тој е познат македонски и словенски учител исто е познат и по градот Охрид.
Св. Климент бил и првиот епископ словенски со титула епископ велички.
Возобновената Црква „Св. Пантелејмон“ - Плаошник во Охрид, на местото на книжевната школа формирана од св. Климент. Денес овде се полоќени моштите на св. Климент.
Во чест на светецот, во Македонија и Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје (соборниот храм) го носи името на Свети Климент, исто така бугарската антарктичка база, универзитетот во Битола и Софискиот државен универзитет.

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК МАКЕДОНИЈО !!!