Економска анализа / Монетарна политика

Day 1,476, 09:45 Published in North Macedonia North Macedonia by Mano A

Би сакал да дадам едно мое размислување за „економската“ ситуација во еМК и да се разгледа дали држи место или не!

Прво сакам да дадам споредба на вредноста на валутите на останатите јаки држави во eRepublik вредноста на еМКД (се разбира споредено со златото).

1. еСрбија 1RSD = 0.003G / 1G = 493RSD
2. еПолска 1PLN = 0.002G / 1G = 500PLN
3. еУнгарија 1HUF = 0.002G / 1G = 890HUF
4. eБугарија 1BGN = 0.002G / 1G = 672BGN
5. еКина 1CNY = 0.002G / 1G = 613CNY
6. еТурција 1TRY = 0.002G / 1G = 730TRY
7. еМакедонија 1MKD = 0.001G / 1G = 1010MKD

*Државите се рангирани според рангот во еРепублик

Имајќи ја во предвид претходната табела, моменталните цени на Q1 леб и цената на трудот на соодветните пазари (не земајќи ги во предвид даноците) можеме да видиме колку злато заработуваат државјаните на секоја земја од продажба на 100 Q1 леба колку од работа за еден ден колку Q1 леба може да купи секој колку бустери (0.19G) заработува секој со 1 ден работа:

................100 леб......работа......бр.Q1 леб.....0.19 бустер
1. еСрбија.......0.050G.......0.221G.........442.........1.16
2. еПолскa.......0.058G.......0.236G.........406.........1.24
3. еУнгарија.....0.056G.......0.157G.........280.........0.82
4. eБугарија.....0.049G.......0.198G.........404.........1.04
5. еКина.........0.055G.......0.230G.........418.........1.21
6. еТурција......0.052G.......0.213G.........409.........1.12
7. еМакедонија...0.063G.......0.185G.........293.........0.97

Ако ова претходното цело се земи во предвид, може да се заклучи дека нас и на унгарците економски местото ни е многу подолу.

Целта на мојата статија е да потегне размислување во кој правец треба да се движиме економски (нормално колку што овој модул ни дозволува). Не сакам да се полемизира дека Плато ова свесно го прави со цел да се купува злато итн., тој го прави ова секаде, мене ме мачи зошто дозволуваме еден полјак, србин или еден кинез да се во подобра позиција од мене! Логички следува дека некој кај нас не ја брка работата како што треба.

Е сега, мојата идеја е следнава: Ако го зајакнеме денарот на ниво како полската валута или дај боже како српската, ќе ни биде многу подобро - само прашање е како!

Мојот предлог е следниот - Државата да ги искористи дозволените механизми кое би се одвивало низ неколку етапи.
1. Намалување на данок со што првично би дошло до намалување на цените на производите.
2. Отварање/Инвестирање/Субвенционирање во нови фирми (кои се купуваат со денари со цел да се тргнат денарите од оптек) а самите фирми со зголеменото производство ќе влијаат врз зголемување на понудата и спуштање на цените.
3. Со ниски цени (споредено со другите пазари) некој странец сигурно ќе дојде со злато, ќе го промени за денари и ќе ги купува

На овој начин ќе имаме влез на злато во Македонија со што ќе се зголеми вредноста на денарот и сите ние со 1000 денари ќе си купуваме 2-3 злато.
Државата покасно може да пушта во оптек потребна количина на денари кои би се купувале за злато, но 100.000 државни денари би вределе 200 или 300 злато (а денарите ќе бидат барани) наспроти сегашната вредност од помалку од 100 злато.

Ова би можело да се постигне со еден вид планирана економија, каде колку што е можно државата би ги регулирала цените на производите (преку назначување максимална цена) а сите заедно ќе треба да се придржуваме кон таа цена.

Се ова можда е глупост, па сакам и од вас мислење посебно од поискусните играчи.


П.С. Кој прочита до крај, честитам!