[ Индија ] Кандидатура за Претседател, Прв Дел

Day 1,471, 09:09 Published in North Macedonia North Macedonia by Makedonija Do Indija




Здраво Македонијо! Здраво Египет! Здраво Индијо!

Решив по втор пат во мојот еЖивот да настапам на претседателските избори. Првиот мандат ми помина така како што ми помина, но сега најавувам дека ќе биде многу по различно. Со нови идеи и нов пристап, со многу подобар тим и со многу поголеми амбиции кои со заангажираност, максимална секако можат да се исполнат. Некако останав недоискажан во првиот мандат, еве сега сакам да се докажам во правото светло. Да не должам многу, еве ја мојата програма.


Субвенционирање на граѓаните

Јас сум се залагал секогаш за доброто на народот, секогаш сум го слушал неговиот глас, и сум покажувал во повеќе наврати дека не се тоа само празно изкажани зборови.
Планирам да давам субвенции на својот народ, кога Платон ќе пушта попусти за надоградување на фирми. Ќе има комисија која ќе биде задолжена стрикно за оваа намена, која ќе има буџет од 250 голд. Право на учество во оваа акција ќе имаат сите граѓани кои сакаат да ги надоградат своите ,, Q1,, фирми во ,, Q2 ,, . Владата ќе учествува со 50 проценти, значи со 5 голд.( кога се попустите надоградувањето чини 10 голд )
Подетално за овој проект за неколку дена.


Комисија за Државна Политика

Како што најавив во својата статија уште на ден 1,360, еве сега ќе го исполнам.

Награди за најсилните борци

Оваа акција ќе биде имплементирана со цел да се наградат оние кои нанесуваат милионски штети за Македонија. Пред се тука се Шиме, Аексил, Мудаш. Исто така, може да биде награден и оној играч кој ќе нанесе висока штета ( над 1 м ) во оние битки кои ќе бидат од големо значење. Наградите ќе бидат во тенкови.

Министерство за Економија

Сарметина, еден од најдобрите економисти во Македонија ќе биде предводник на овој сектор. Има одврзани раце што се однесува за економската политика, законите и односот денар-голд. Веќе докажан, нема потреба од други епитети. Шмекерот и Партибрејкер ќе работат заедно со Сарма.

Министерство за Финансии

Партибрејкер , педантниот и во истовреме и транспарентниот. Ќе го раководи овој сектор, и секоја недела ќе издава билтен за приходите и расходите.

Министерство за Образование

Бојан Алмајти. Најдобриот министер за Образование кој некогаш го имала Македонија, повторно ќе се активира на оваа функција. Ќе има и 2ца заменици.

Министерство за Надворешни Работи

Тука е јасно. Саша од Панзер, дефинитивно најспособниот човек на оваа функција, 2пати МОФА на Дон Тас ќе ја извршува оваа функција и во мојата влада. Во овој човек имам најголема доверба, Саша ќе биде и Премиер. Во ова министерство ќе биде вратен и стариот тим на Дон Тас, во кој членуваа Блеки и Селеук Никатор. Сите тројца имаат функција во ОНЕ hq. Аст89 се враќа на позицијата по 1 месец.

Амбасадорски раководител, ќе биде Генерал Тренч, најдокажаниот Амбасадор во изминативе 3 месеци.


Министерство за Одбрана
Ќе биде вратен рефунд системот од времето на мојот 1 мандат, кој се покажа како најдобар. Ќе биде надограден и подобрен.

Ќе бидат формирани и следниве дивизии :

- Дивизија ,, Базука ,, .
- Дивизија ,, Трета смена ,, .
- Дивизија ,, Брзи Прсти ,, .

Дивизија Базука
Оваа дивизија ќе биде употребувана кога на Македонија ќе и зачкрипи малку. 50-100 Доброволци кои поседуваат повеќе од 10 базуки и се спремни да ги испукаат сите до една за доброто на Македонија, ќе бидат наградени со тенкови. Оваа дивизија ќе има посебен канал.

Дивизија Трета Смена
Оваа дивизија ќе биде активна во доцните вечерни и раните утрински часови. Ќе биде активна ,, на штрек ,, од 02:00 до 06:00, ако треба да се интервенира во некоја битка, ќе се направи токму тоа. Ќе има посебен канал.

Дивизија Брзи Прсти
Дивизија која ќе превенира дигање на востание во некој важен регион на територијата на Македонија. За секој успешен обид, секој посебно ќе биде нагреден. Тука ќе членуваат најбрзите прсти во Македонија, Арагорн, Аце Жути, Бобан итн.


Поход кон Индија
Ветувам окупација над Египет, Арабија и Индија. Ќе се разгледува прашањето околу префрлање на главниот град, таму каде што највеќе ќе ни одговорава, од каде ќе цицаме повеќе бонуси.


Околу прашањето со Фрција и Албанија
Со фрците нема мир доколку дојдам на власт. Ќе бидат окупирани и држени во прангии со сите расположливи сили. Значи јасно кажувам, нема мир со нив. Албанија, закаснувме. Нема да се ослободат уште долго време, 2 територии држат Црногорците 1 Србите. Значи, и нема шанси да се нападне Албанија.

Можен напад на Кина
По окупирањето на Индија, ќе се разгледува прашањето за напад на Кина. Не ветувам напад, но е можен. Ако се оди како што треба, ќе им се одмаздиме на Кинезите.

Толку во мојата прва статија, утре ќе ја објавам статијата со мојот тим, и подетални објаснувања на некои прашања. Ветувам минимум 8/10 ресурси.

МАКЕДОНИЈА ДО ИНДИЈА !




За шаут :

[ Индија ] Кандидатура за Претседател, Прв Дел

http://www.erepublik.com/en/article/-1-1915132/1/20