Изборите во еРепублик на еМакедонија исти како изборите во МАКЕДОНИЈА!!

Day 1,466, 13:13 Published in North Macedonia North Macedonia by Psycho The Great
Статија бр. 6


Денеска беше ден за бирање на конгресмен!!!
Овој ден беше невозможен... Што не видов денеска, Кога некој ќе рече во Македонија изборите се наместени, изборите ги добиа со купување на гласови, тие неферски победиа, па истото го имаше денеска и на еРепубликот во еМакедонија, што не правеа кандидатите за да го освојат секој можен глас за да дојдат до победа за конгресмен, после ќе рече некој пријател зошто бе брат ти не се кандидираш за конгресмен на играва??? Јас да се кандидирам, зошто кога знам дека ќе изгубам!!! Ако се кандидирам ќе треба да изгубам сигурно 20 - 30 - 40 ако не и повеќе голд,зошто за еден медал од 5 голд, и што.. ти паѓа рејтингот во играва, сите после тоа те прават муабет како си се обидувал да купуваш гласови и слично, друго.... Ако пак се кандидирам, знам дека нема да добиам јас како обичен кандидат за конгресмен.... Значи што можеме да заклучиме од денешниве избори на еРепубликов во еМакедонија.

1. Наместо да трошите пари, голд, оружје, спамање и слично за вашиот смрден конгресмен, чувајте го тоа и тепајте во битките во кои губиме на секое, не гледате дека губиме на секое од сите, ова е нешто страшно !!!

2.После не се чудите зошто и изборите во Македонија или во Општините се наместени, односно со купвање на гласови некој победува...

3. Значи не биле до политичарите, туку било до нас, еве го една обична игра се гледа како Македонскиот народ е научен да добива нешто со поткупување...

4. Јас исркено да ви кажам се додека има кој да плаќа за глас нормално дека ќе го искористам 😉 Само не е убаво ова што го праите !!! 😉

5. Многу ќе ме мразите после оваа статиа, зошто ќе се пронајдете во неа, само ве молам останете си анонимни како што јас ве спомнав во статијата само што нема никови и линкови од вашите профили !!!

6. Оваа статија ја пишувам се со цел да се намали поткупувањето на гласовите и нареден пат кога ќе има избори да биде се регуларно и чесно, а не вака.... Јас овие избори од денеска кој и да победи нема да го рачунам за победник, само ќе го гледам како ЛУЗЕР, а се надевам дека и сите други членови на партиите и останатите кои не членуваат во партии ќе ги гледаат победниците на денешните избори како ЛУЗЕРИ !!!

7. Се надевам дека и со оваа статија ќе ми помогнете како и со претходните па да стигнам и до Вториот Медал на играва !!!

Ќе ги замолам сите они кои немаат суб да ми стават по едно и за сите оние кои имале претходно да стават по еден шаут за да ја прочитаат статијава сите оние кои денеска беа подкупени од кандидатите и сите оние кои поткупуваа денеска !!

Ќе повторам ЛУЗЕРИТЕ денеска ПОБЕДИА за жал, а МАКЕДОНИЈА повторно секаде губи 🙁 Зошто ... Заради потрошените голд, пари, тенкови и што уште не 😉
Јас сум за МАКЕДОНИЈА, бидете и вие за неа !!! Не бидете Лузери и не си ја продавајте државата за опрани голд или пари !!!!!!