Синдром Лаком г'з ! До кога ?

Day 1,464, 14:19 Published in North Macedonia North Macedonia by Persej Makedonski
И тоа најжално е што тој задник/ци ( народски г'з - г'зови ) се лакоми за виртуелни пари,злато и тенкови.

Ова од игра која треба да ја играме од забава и во која треба да пробаме ние Македонците барем еднаш да се обединиме, го претвараме во нешто погрдо и од нашата реалност.

Ја играм играва веќе 5 месеци и заклучив една работа која не разединува и која се повеќе како што гледам оди во крајност - тоа е уште едниот синдром во низата на наши Македонски самоуништувачки синдроми кој јас го нареков Синдром на лаком г'з кој се карактеризира со огромна лакомост на одредени "стари играчи" кои наместо да го прават она што го пишуваат ( дека треба бејби бум,дека треба да се помага на новите играчи и дека треба да се оди напред со нашата Е-држава ) го прават спротивното и ги искористуват новите играчи - се едни та исти си биваат водачи на партии и конгресмени (некој нов и да стане конгресмен ама баш за ништо никогаш не го консултираат) си створиле своја елита и битни си се самите тие себеси - ние другите не ги е гајле како се развиваме и колку придонесуваме - а нашото заедничко учество во битките е верувајте поголемо од нивното (повеќе капки прават поток)

Кога станува збор за дигање востанија - се едни та исти им се дава за право да ги дигаат контролираните востанија за кои се + и платени од "елитата" - ја прашувам истата "елита" - зошто да не се организира играчи кои се гледа дека од ќеф играат и се што прават - прават за Е-Македонија да не добијат шанса да дигнат востание ?

Изборите се посебна приказна - "елитата" поткупува играчи и ги омаловажува со неколку тенка и стануваат вечни конгресмени. Достоинството во играва која е за забава е поунаказено отколку во реалниот живот. Не дај БОЖЕ некои од овие да се бават со РЖ политика

Лакомоста за медали е исто приказна за себе,наместо да се организира до некаде правилно мавање на учество во битки - во небитни битки некои маваа милиони за да овие денови се осети дека двоцефките сакале да си признаеме или не имаат поголем осет за организација - сите си ги чуваа базуките од дневните мисии и во секоја битка по 7-8 од нив маваа се што ставиле настрана без притоа да се гонат како некои наши кој ќе го освои тој е**н БХ медал и битка по битка победија и за конгресменски изори ослободија територија - сега ќе си префрлат пари од нивната банка пане чекаат уште потешки битки

Најболно од се ми е што како што гледам е декае прашање на ден кога ќе ни ја превземат Македонија и пак ќе бидеме на 3 ресурси - тогаш ќе почнат нашиве да трчаат по туѓи државјанства и ќе се враќаат како ослободители при повторна окупација на двоцефките

Престанете браќа и сестри Македонци барем во играва да мислите замо за себе - ова е игра во која имаме шанса да пробаме барем виртуелно да се обединиме - ама за тоа треба волја од сите - а лакомиот г'з треба да биде минато

Ве сака вашиот Персеј Македонски