Како за прв пат направив милионска штета за Македонија

Day 1,463, 08:42 Published in North Macedonia North Macedonia by dDejan

Здраво Македонци

Сакам со вас да споделам како денес направив 1.3 милиони штета против Гејските востаници.

Кога се вклучив на еРеп денес забележав дека губиме во востанието кренато во Јонските острови и си реков дека е време да се троши зимницата.
Го исчекав крајот на петтата битка, таман колку да наполнам уште една стотка (од тоа што сработив претходно) и некаде во почетокот на 6та битка почнав да мавам.

За жал Грците направија повеќе штета и битката ја изгубивме. Ги изгубивме и наредните битки и регионот падна а Грција е повторно додадена на мапата.

За тие што се заинтересирани, целиот процес е документиран преку скриншотови кои се достапни на линкот подолу ( за секоја слика има објаснување, мислам дека е интересно да се види текот на целата битка, околу 40 слики се поставени)
http://imgur.com/a/uqpoh#0

Оваа штета ја посветувам на сите играчи во еМакедонија кои се разочарани од таквите играчи кои чуваат зимница за личен профит (медаљи) а не за доброто на Македонија. Моментално немам БХ медал а со таа штета лесно можев да одберам некоја „лесна“ битка каде ќе земев медал (може дури и 2). Не е дека немаше добро да ми дојде екстра голд, ама мерак ми беше поголем да се испукам за Македонија 🙂

За на крај би ве замолил за еден воут и суб, барем малку да ми помогнете да дојдам поблиску до ММ медаљата кога веќе не фатив ни БХ ни ЦХ. А како што би рекол шмекерот, за тие од стара-мајка родени, би ве замолил и за еден шаут
Како за прв пат направив милионска штета за Македонија
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1909173/1/20