Состојбата на Маркетот во врска со W - RAW

Day 1,460, 15:11 Published in North Macedonia USA by MaLoUmEn

Оваа статија ќе биде за проблемот со W-RAW кој се појави на маркетот.


Јас имам фирма за W-raw и неколку души вработени кои ми работат за некоја нормална плата. Секој ден продавам RAW на Маркет. Во последно време сведоци сме на опаѓање на цената на W-raw, за останатиот дел од суровините не ме интересира, бидејќи не ги произведувам доволно за да ги продавам. Тоа зголемување на цената и вина на сите играчи кои имаат вишок на Raw и го продаваат. Е сега тука се и оние кој тој RAW го купуваат. Бидејќи на оние кои имаат Q5 фирми за оружје и оние останатите им одговара цената на W-raw да биде што е можно пониска, оставаат понуди на маркетот кои се најчесто во оваква форма. (види ја сликата)




Ова е само една страна од маркетот, а имаше минимум 6 страни на кои понудите беа овакви. Зголемувањето на бројот на оваквите понуди на маркетот во комбинација со ИДИОТИЗМОТ на некои играчи, ја намалуваат цената на Raw-от од ден на ден.
Ништо нема да ги чини оние кои ставаат понуди на маркет, прво да разгледаат колку понуди пред нивната има со најниска цена, колку од овие понуди се под 100 RAW, и најважно која е цената која ја ставаат. Доколку има понуди кои се под 100 RAW, најубаво би било тие да се откупат, доколку не ја поминуваат онаа цена која е планирана да се побара за RAW.
Јас вчера, лично 4-5 страни кои беа со помалце RAW ги откупив и со помош на уште неколку играчи цената на W-RAW ја донесовме до 0.30, за 10 минути после нас некој ИДИОТ да ја намали повторно на 0.28.

Според мене постојат неколку начини да се спречи таквата манипулација на цената на RAW на маркет.
Повремено проверување на вашите понуди и повремен Update на истите. Доколку забележите дека ви останала мала количина, не ја оставајте понудата да биде активна. Со тоа придонесувате да се зголеми бројот на понуди како оние од сликата погоре.
Друг начин е да ги откупите понудите кои се под 100 RAW доколку имате пари и со тоа да допринесете за одржување на цената. На пример ако последната повисока цена е да речеме 0.30мкд, а пред тоа има понуди кои се со цена од 0.29 или помалку, откупете дел ако неможете сите понуди и поставете своја понуда. Дали понудата која ќе ја поставите ќе биде 0.29мкд (за да продадате побрзо) или 0.30мкд е не толку важно, најважниот дел од ова е дека таквите понуди од по 1-2 RAW значајно ќе се намалат.

Знам дека некој ќе помисли дека само сакаме да профитираме и слично, но погледнете ги платите на Job Market и ќе ви стане јасно. Понуди од фирми за Raw нема, бидејќи не се исплати да имаш вработени и да делиш плати. Заработувачката со RAW е Ќар до коленици, Зијан до гуша.

Со оваа статија сакам да видам како размислуваат оние кои имаат фирми за суровини и да дадат конструктивни планови за да се вратиме повторно на пазарот на трудот.

ЌЕ ВЕ ЗАМОЛАМ ЗА ПРЕТПЛАТА