ОеМ: Пријави за конгресмени | покана за дружење (собир) на велешката питијада

Day 1,459, 04:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Bojan aKa T-MaC

Поздрав макдонци / ки

Ќе ве прдупредам дека статијата е долга се состои од 3 дела слобдно читајте го оној дел кој највеќе ви привлекува посебно 3тиот
1Објаснување олку мојот избор за претседател на ОЕМ
2 - Пријава за конгресмени на ОЕМ
3 - Повик на дружење на велешката питијада 20ти. Недела

_____________________________________________________________________________________

1

Пред да го објавам конкурсот што е потребно и кој кандидати ќе имаат преднос редно е после многуте шпекулации да одговорам на некој прашања и дезинформации. Во текот на изборите сретнав многу глупи коментари и доста толку поглупи одговори кој самите си ги даваа.

- Прво целта за пријавување на кандитурата прочитав дека ми била за да ја избришам партијата или да и го променам името. Еве гледате и сами партијата ниту е избришана ниту има нешто нанеа променето

- Сум бил не искусен во играва за разлика од мојот против кандидат па за тоа требало да не се гласа за мене . Во кое тоа поле не бев по искусен ? Најстар играч сум од сите кој беа кандидати , играч со најмногу XP pts. , со највеќе воено искуство и претходно имама водено политичка партија МЕ.

- И последни коментари да прочитам кога веќе се знаеше кој е победник на изборите дека е направено ПТО на ОЕМ. На овој мора да се задржам малце подолго за да сватите колку тоа може да се нарече ПТО.
* Јас на нај легален и поштен начин се кандитирав за претседател на ОЕМ. Во партијата сум 3 месеца и пред 2 месеца и конгресмен од оваа партија.
* Сме биле добро организирани . Да бевме добро и тоа имаше шут на MU и топик на чатот толку беше нашата организација за разлика од мој против кандидат кој реагираа анемично кој одеа по чатеви и бараа помош од секоја единица од “тенковите” од сите познати играчи кој можат да им донесат гласови
* Во 20h во денот на изборите веќе сватија дека со лоби не можат да дојдат до целта почнаа со шутови од еден играч кој имама print screen ама кој веќе сите го видовте како почнаа да нудат 100мкд за глас. Е од тој шут кога го видоа дел од единиците и дел од некој играчи кој се еПостари од мене сами се јавија на чат. Прво кој дојде на чат беше преставник од Панзер кој сам се понуди дека ке помогне во собирање на гласови и треба да се напомене дека тогаш ја имав преку 150 гласови во тој моомент. Јас за тоа им реков може да се помогне но за возврат да не очекуваат нешто. Псоел тоа се појави и Кумановац Бобан SS кој самоволно си почна да пушта шутеви без никој да го убеди и рече да се гласа за мене имаше и неколку искуни играчи кој се понудија да помогнат но ја не прифатив.
* По завршувањето на изборите добив честитки од играчи кој не ни верував дека ќе ми честитаат за жал тоа не го направи мојот против кандидат. Имавме размена на пораки со Fricke во кој тврдеше дека не ме гласале мене членовите од ОЕМ и дека тоа било класичен ПТО и дека панзер од почеток учествувале и дека сме купувале гласови(за кој тврдам дека ни еден МКД не сум дал, а имам и докази како сами ми се нудеа ја ги прајќав кај против кандидатот кој во тој момент купуваше дека од нив може да земат од мене не кој му ги пратив на Fricke и сам се увери), исто така дека не сум легитимен претседател и дури малце апсурднини прашања.
Еве како ОЕМ функционира ние тоа го знаевме и го искористивме. Пола од играчите во Оем гласаат за Првиот кандидат кој е на листата на ОЕМ кој е со најмногу XP поени а тоа бев ја без многу да размислуваат и не ни ги интересира кој се кандидати . Тоа ние го знаевме и го искористивме а доказ е пред 2 месеца кога јас се кандитирав во МЕ не знам по која случајност ме даде во ОЕМ кандидат а бев член на МЕ само Плато знае што се случи тогаш јас не можев да испаднам од МЕ за да влезам во партијата давајќи додека сум кандидат дека не може да се излез од партија. И по некоја случајност јас тогаш бев прв од гласачи само на ОЕМ без подршка на паравоената единица DEMONS. Еве проверете и сами дали и тогаш имаше ПТО или Плато ме награди со 100+ гласови од што сум му симпатичен 🙂 http://www.erepublik.com/en/elections/country-79-election-party-3561-date-2011-09-region-0

Со ова и прекинувам и ве уверувам дека нема што да објаснувам повеќе и да одговарам на некој бесмислени коментари ако некој ги остави потикнат од овој дел од весникот

_____________________________________________________________________________________


2



ПРИЈАВА за конгресмени


- Раковотстово овој месец поркај мене ќе бидат уште тројца членови од Demons кој заедно ќе ги разгледаме сите пријави и ќе одлучиме кој кандидат во кој регион ќе оди. Моја должност како претседател на ОЕМ е да распишам конкурс за престојните конгресменски избори кој ќе се одржат на 25ти во тековниот месец. Досегашниот принцип како функционирала партијата не ме интересира битно ми е како ќе функциноира во мементов. Како играч на еМакдонија нема некоај преукупација, да ОЕМ број нјавеќе конгресменски места, мене не ми е битно ОЕМ да има 20 конгресмени а од нив само 2ца да си ја вршат работата јас би се нафатил ОЕМ да има 2ца членови на конгресот, а еМакдонија да има 20 добри конгресмени.

Јавен повик до сите носталгичари кон ОЕМ и сите они кој досега немаа можнос да дојдат до конгресменско место да аплицираат и да пробаме ОЕМ да дојде до преку 1000+ членови како некогаш. Добредојдени се и сите паравоени единици кој сакаат својте кандидати да ги кандитираат преку оем слободно да ме контактираат. Предност ќе имаат играчи кој се политички , воено, економско искусни исто така и до сите познати новинари и играчи кој зад нив ќе застанат нивните паравоени единици ќе имаат блага предност но тоа не значи дека нема да има и од останатите играчи кој нема да има конгресмени кој самоволни мисалат дека на фер и поштен начин ќе дојдат до солиден број на гласови
За овие избори секоја партија ќе има по еден конгресмен по регион или во моментов имаме 21 регион оваа бројка може да варира, а со тоа и бројот на конгресмени. Сите заинтересирани се што треба да направат е да ми пратите порака со наслов “Пријава за конгресмен - Оем” и да одговорите на следните прашања :

- Колку години имате во РЖ?
- Дали се обврзувате додека траат изборите да играте фер и да ги почитувате конкурантите ?
- Дали ќе бидете редовни на состаноците на конгресот?
- Дали ќе го почитувате претседателот и неговите одлуки?
- Се обврзувате додека ви трае мандатот на конгресмен да не ја напуштите партијата.
- Дали зад вашата кандитура ќе ве подржуваат вашите пријатели/играчи или паравоена единица?

После понеделник од кога тимот ќе одлучи кој кандидати ќе одат ќе бидете известени кој регион да се селите и тие што имаат желба може да објават во статија
Секоја порака ќе биде разгледана и ќе се одговори во понеделник за тоа немојте да мислите доколку не ви се одговори одма дека не се прифајќа до понеделник на ниедна порака нема да има одговор

Сите пријави ќе бидат детално разгледани најдоцна до 23ти ќе бидат известени со кој официални кандидати оем ќе излезе и со тоа они кој сакат ќе имаат 2 дена до избори за да објават преку статија својата кандидатура. Сите они кој самоволно ќе се пријават на престојните конгресменски избори нема да им се прифати кандидатурата и нема да бидат дел од престојните избори од ОЕМ. Ги очекувам вашите пријави

_____________________________________________________________________________________


3

Покана за дружење во Велес на Велешката питијада на 20ти Недела

Знам дека ден пред тоа ќе има собир во радовиш па за они кој ќе пропуштаат таа собиранка или секако ќе дојдат на питијадата во велес ве повикувам на уште една дружба во велес. Дел од единицата на Demons заедно со 2 засилувања од Лавови (Martin Tashkoski) и Chaos (dimzaaa) ве покануваме да ни правите дружба на доброто макдонско вино и најдобрата пасрамајлија во макдонија велешката пастрамајлија (јебига Велешанец сум мора да се фалам 😃). Исто така сите велешани кој ве има доста слободно да ни правите друштво . За да бидам поубедлив доволно е да ја погледнете следнава фотографија


Ако може да одолеете не доаѓајте 😃

Demons во 12часот ќе биде во еден од штандовите на питијадата најверојатно штандот “баже пити “ но доколку не нема таму препознаете еден на следнава слика знајте дека сме на тој штанд и нападнете не 😃. Организацијата е да се седи на штандот додека има сонце и не ни застуди после тоа да се продолжи во некоја од кафаните на велес и да се стоплиме со некоја жта 🙂



Доколку има сигорни кој ќе присуствуваат слободно нека ме контактираат мене или на чатот на демонс #demons.public да се договриме поконкретно

Поздрав и се надевам дека се гледаме покрај добро вино и добра пастрамајлија

Shout this article
_________________________________________________________
ОеМ: Пријави за конгресмени | покана за дружење (собир) на велешката питијада
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1906400/1/20
_________________________________________________________