Вицеви и заебанции...

Day 1,452, 15:32 Published in North Macedonia North Macedonia by ivan makedonski

Од сега ке пишувам вицеви и заебанции.
Ако има некои вонредни состојби мозе да напишам нешто, но воглавно ке се залагам преку моите статии емакедонците да се забавуваат 😃


1.Мечокот тргнал да оди на регрутација, одејќи така налетал на лиската целата среќна.
- Што си толку среќна лиске?
- А бе ги заебав оние од регрутно, си го потскратив малку опашот и ме направија неспособна.
Оди понатаму мечокот и налетува на зајкото.
- Што си толку среќен зајко?
- А бе ги заебав оние од регрутно, си ги потскратив малку ушите и ме прогласија за неспособен.
Мечоков збеснал, цела шума нема да оди во војска само он ќе оди, и смислил да си го пресече едното јајце за да биде и он неспособен. И така влегол во регрутно да го прегледаат.
- Мечок, многу ми е жал што морам да ти кажам дека си неспособен за војска.
- Ма дај, види ме колкав сум, жалосно е да не одам, армијата многу ќе изгуби со тоа!
- Мечок не може, дустабанлија си!





2.Во Јужна Африканска Република некои пијан белец собрал на пешачки двајца црнци. Едниот бил тешко повреден а другиот летнал низ шофершајбната 10 метри.
Дошла полиција и првиот црнец го казнила за незаконско присутство на приватен имот, а вториот поради тоа што се одалечил од местото на злосторот.





3.Си шетал еден гуштер и здогледал една панда како пуши марихуана. Па ја прашал:
- Може ли и јас малку да попушам?
- Слободно качи се на дрвото и ќе ти дадам.
Па така пушеле кога гуштерот ожеднел, па ја прашал каде е најблиската река а таа мурекла:
- Ене ја онаму позади тоа дрво.
Гуштерот отишол да се напие вода, но бидејќи бил дрогиран паднал во реката. Го видел еден крокодил и отишол да го спаси.Кога го спасил го прашал зошто паднал во реката, а тој му ја раскажал случката, па крокодилот го прашал:
- Може ли и јас да попушам малку?
- Оди прашај ја пандата и ако ти дозволи оди пуши.
Кога ја видел пандата извикал:
- Може ли малку да пушам?
А таа му рекла:
- Колку вода си испел бе гуштеру?!





4.Татко го испраќа својот син на одмор. Синот за прв пат оди на море. Пристигнале од селото до железничката станица. Таткото го советува својот син:
- Синко, многу да внимаваш таму.
- Зошто, татко?
- Ти не знаеш таму на морето какви можат да бидат жените.
- Какви тате?
- Многу расипани. Ако не внимаваш, ќе донесеш некоја заразна болест дома. Ќе ја заразиш својата жена. Таа ќе ме зарази мене. Јас без да знам ќе ја заразам и мајка ти. А ти знаеш каква е мајка ти, ќе изумре цело село.





5.Бев многу среќен со девојката. Се забавуваме заедно повеќе од една година и на крај решивме да се венчаме. Моите родители, пријателите и блиските ме охрабруваа:
- Таа е сон!
Постоеше само една работа која ме вознемируваше- нејзината 20 годишна сестра која постојано носи тесни сукњички и припиени деколтирани маички. Редовно ја гледав во долна облека кога и да бев кај нив на гости.
Еден ден сестра и ме повика на гости да ги проверам поканите за венчавката. Беше сама дома кога стигнав. Седнав во дневната и таа ми шепна дека отсекогаш ме посакувала, а јас наскоро ќе бидам оженет. Рече дека кон мене има чувства кои не може да ги победи. Јас шокиран не можев да си поверувам што слушам. Ми рече:
- Одам горе во спалната, ако сакаш само дојди, а јас ќе ги исполнам сите твои желби!
Укочен од шок само ја гледав како се качува по скалите, ги соблече гаќичките и ги фрли врз мене. Стоев еден момент, се свртев и побрзав кон излезната врата од куќата. Побрзав кон автомобилот, а во тој момент се појавија мојата вереница и дедото кои трчаа кон мене.
Таа ме гушна и бакна:
- Мил мој, знаев дека си совршен!
А, дедото додаде:
- Овој мал тест ме увери дека ја давам ќерка ми во вистински раце! Честитам! Добре дојде во семејството!
Главната поука на приказната е:
СЕКОГАШ чувајте ги кондомите во автомобилот!





И еден гратис
Лежат двајца пијани на грб среде улица и пеат ли пеат. Одеднаш едниот се врти на стомак и почнува нова песна. Другиот го прашува:
- Што направи бе, зошто се сврте и почна нова песна?
- Па, ја свртив касетата од другата страна.





Се надевам ве насмеав 😃

Вашиот ivan makedonski